Дабова пеперуга

(Пренасочено од Дабова пеперутка)
Дабова пеперуга
Мажјак
Женка, долен дел
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Lycaenidae
Род: Neozephyrus
Вид: N. quercus
Научен назив
Neozephyrus quercus
(Linnaeus, 1758)

Дабовата пеперуга (Neozephyrus quercus) е пеперуга од семејството на пеперуги синци, од видот опашкари. Пеперугата ја има и во Македонија.

Распространетост

уреди

Пеперугата ја има во скоро цела Европа,[1] Северна Африка, Мала Азија и Кавказ.[2]

Подвидови

уреди
  • N. quercus interjectus (Verity, 1919) Италија
  • N. quercus longicaudatus (Riley, 1921) Турција, Кавказ
  • N. quercus iberica (Staudinger, 1901) Мароко, Алжир, Иберски Полуостров

Изглед

уреди

Овие пеперуги може да се видат кога се активно околу дабовите дрва во јули и август. Мажјаците имаат сјајва виолетова боја на горниот дел. Централните делови на крилјата се со кафеава нијанса, а рабовите темни. Женките имаат обратен редослед на боите. Долните страни на крилјата се сивкасти, со црни рабови. Задниот дел има опашки а во нивна близина има портокалови дамки.[3]

Животен циклус

уреди

Јајцата се полагаат единечно, во основата на дабовата пупка. Тие се полагаат доцна во летото, за да може да излезат следната пролет. Зиме јајцата може лесно да се најдат. Гасениците целосно се развиваат во јајцата за период од две до три седмици, но не излегуваат сè до следната пролет. На пролет тие се вгнездуваат во пупките за да се хранат и заштитат. Кога пупките ќе се отворат, тие се кријат и се хранат само ноќе. Овие пеперуги имаат една генерација годишно. Возрасните единки летаат во јули и август.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Discover Life
  2. Favonius quercus at Butterfly Conservation Armenia
  3. Seitz, A. Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren) Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди