Дирекција за заштита на личните податоци

(Пренасочено од ДЗЛП)


Дирекција за заштита на личните податоци на Република Македонија (ДЗЛП) - самостоен и независен орган со својство на правно лице, надлежна за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработување на личните податоци и нивната заштита, на територијата на Република Македонија. Дирекцијата е основана на 22 јуни 2005 година, согласно Законот за заштита на личните податоци од 2005 година[2] и е надлежна за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработувањето на личните податоци и нивната заштита, на територијата на Република Македонија.

Дирекција за заштита на личните податоци
ДЗЛП
Лого на дирекцијата
Податоци за органот
Основан 22 јуни 2005
Надлежност Самостоен и независен орган (правно лице)
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 24[1] (2014)
Годишен буџет 481.105 евра (2016)
Раководители Драган Ѓорѓиевски¹
(директор)
Јовица Страшевски ¹
(заменик)
Мрежно место
dzlp.mk
Белешки
Со мандат од 5 години

Основање и раководство

уреди

Дирекцијата е основана со именување на директорот со Одлука на Собранието на Република Македонија[3]. Со Дирекцијата раководи директор, кој има заменик. Нив ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија за време од пет години. За својата работа и за работата на Дирекцијата, директорот и неговиот заменик одговараат пред Собранието на Република Македонија. Директорот доставува до Собранието на Република Македонија годишен извештај за работата на Дирекцијата. Прв директор на Дирекцијата била Маријана Марушиќ (именувана на 22 јуни 2005 година), а на 6 декември 2005 година именуван е првиот заменик -директор Зоран Пандев. Во октомври 2010 година, за нов директор бил изгласан Драган Ѓорѓиевски.[4], а на 31 декември 2008 година, Јовица Страшевски бил именуван за нов заменик-директор на Дирекцијата, кој подоцна ја напушта дирекцијата и е именуван за Директор на Агенцијата за безбедност во железничкиот сообраќај. По него, Сеад Садикоски е избран за заменик-директор.
Согласно Законот за заштита на личните податоци, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци ги пропишува операциите на обработка на личните податоци што претставуваат посебен ризик за слободите и правата на субјектот на личните податоци и ја пропишува формата, содржината и начинот на водење на Централниот регистар и евиденција за извршен пренос на личните податоци во други држави. Директорот ги донесува и сите одлуки и решенија во врска со работата на Дирекцијата.
Дирекцијата издава свој електронски информативен билтен.

Показатели за работењето на Дирекцијата

уреди

Табела бр. 1: Вработени, буџет и активности на Дирекцијата[4]

Година Буџет во евра Вработени Планирани контроли
2016 481.105 28 415
2015 678.373 24 400
2014 525.186 26 385
2013 426.195 25 605
2012 249.089 23 220
2011 592.910 21 130
2010 203.121 22 130

Организациска структура

уреди

Во согласност со актите за организација на работата и систематизација на работните места, Дирекцијата ќе ги остварува своите надлежности, организирана во пет сектори и дванаесет одделенија, и тоа:

Сектор за инспекциски надзор

уреди
  • Одделение за вршење инспекциски надзор над јавниот сектор;
  • Одделение за вршење инспекциски надзор над приватниот сектор.

Сектор за правни работи

уреди
  • Одделение за нормативно-правни работи;
  • Одделение за постапки.

Сектор за Централниот регистар и информатичка поддршка

уреди
  • Одделение за Централен регистар;
  • Одделение за информатичка поддршка.

Сектор за општи работи

уреди
  • Одделение за општи работи;
  • Одделение за меѓународни односи и односи со јавноста.

Сектор за стратешко планирање и анализа на политики

уреди
  • Одделение за стратешко планирање;
  • Одделение за анализа на политики.

Одделение за човечки ресурси

уреди

Одделение за финансиски прашања

уреди

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2014 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. април 2015. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-08. Посетено на 2016-03-05.
  2. „„Закон за заштита на личните податоци", Службен весник на Република Македонија" бр. 7/2005“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-26. Посетено на 2008-09-22.
  3. („Службен весник на Република Македонија“ бр.50/2005)
  4. 4,0 4,1 Валентина Стојанчевска, „Изгубени во преводот или во политичкото влијание?“, Фокус, број 1043, 2.10.2015, стр. 31.

Надворешни врски

уреди

Дирекција за заштита на личните податоци