Гурбангули Бердимухамедов
Гурбанкули Бердимухамедов (туркменски: Gurbanguly Mälikgulyýewiç Berdimuhammedow) — поранешен претседател на Туркменистан. Роден е во 1957 година во местото Бабараб кое денес се наоѓа во покраината Ахал. По професија е стоматолог, а ја извршувал функцијата Министер за здравство од 1997 до 2001. После тоа станал заменик премиер. Таа функција ја извршувал до смртта на Сапармурат Нијазов, во декември 2006 година, кога е поставен за в.д. претседател, иако според уставот тоа требало да биде претседателот на собранието Овезгелди Атајев.
Реформата на здравството на Бердимухамедов е опишана како најлоша во зоната на поранешниот СССР. Меѓу другото, затворени се болниците надвор од Ашхабад и отпуштени се повеќе од 15.000 медицински работници кои се заменети со необучени воени лица. Опозицијата го обвинува Бердимухамедов дека нема доволно волја и влијание за водење на државата.
Бил наследен од синот Сердар Бердимухамедов, кој стапил на функција на 19 март 2022 г.