Ѓумуш (ТВ серија)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ѓумуш (турски: Gümüş) е турска романтична теленовела, снимена и прикажувана на турскиот Kanal D од 2005 до 2007 година. Сапуницата со самото појавување во арапскиот свет во 2008 година предизвика огромно внимание и заинтересираност, станувајќи културолошки феномен за кој сè уште се зборува. Во арапските земји беше преведена како "Noor" (Светлина), а воедно беше синхронизирана на сириски секојдневен дијалект наместо на формален класичен Арапски јазик. "Ѓумуш" стана водечка турска синхронизирана серија во земјите од арапскиот свет, па затоа беше лансиран и посебен канал во партнерство со Showtime Tv Arabia, специјално посветен на обожавателите на серијата кои секојдневно ќе може да ги следат авантурите на убавата девојка Гумуш која влегува во светот на богатите. Просечната гледаност на серијата на Истокот беше околу 3-4 милиони гледачи, а последната епизода беше гледана од 85 милиони Арапи во август 2008. Поради незапаметената популарност на еден ваков формат (сапуница), беше дополнително снимен и филм со буџет од 3,5 милиони долари во копродукција на арапскиот канал MBC и турска продукција. Во филмот главните улоги им припаднаа на истите глумци од сапуницата кои ги освоија милионите срца на Арапите. Во основа на приказната и судбината на ликовите е муслиманската религија и традиција, но прилагодена на соврeмени и секојдневни сфаќања.
Ѓумуш | |
---|---|
Жанр | драма теленовела |
Создадена од | Ејлем Канполат |
Земја на потекло | Турција |
Првичен јазик | турски |
Бр. на епизоди | 100 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Ирфан Сахин |
Времетраење | 90 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Канал Д |
Првично прикажување | 20 јануари 2005 – 16 јуни 2007 |
Мрежна страница | kanald.com.tr/gumus |
Освен во арапскиот свет, серијата се прикажуваше и во Романија и во Бугарија. Во Бугарија беше синхронизирана и емитувана со насловот "Перла" и доживеа популарност, поголема и од латино новелите, станувајќи национален хит и освојувајќи 2 милиони гледачи секојдневно, па како резултат на тоа, главните глумци беа поканети во Бугарија. Теленовелата успеа да го навлече врз себе гневот на муслиманските водачи, да ја разнежне милионската арапска публика, да се најде на страниците на влијателните "Вашингтон Пост" и "Њујорк Тајмс", преку ноќ да го освои Балканот. Во центарот на оваа волшебна приказна е односот меѓу модерната Пепелашка, олицетворена во убавата и шармантна Ѓумуш, и нејзиниот русокос и синоок маж Мехмет, миленик на милионскиот женски аудиториум. Она по што "Ѓумуш" се разликува од сите останати ТВ новели досега прикажани кај нас, е фактот што македонските гледачи можат да се идентификуваат, и со ликовите - и со начинот на живот, како и со обичаите, но и со прекрасната ориентална музика (толку блиска до нашиот народен мелос). Музиката што го следи дејството е лесно препознатлива на овие простори... впрочем, 5-те века турско присуство на Балканот неминовно оставило свои траги во народното творештво и лесно допира до сензибилитетот на луѓето.
Кај нас серијата се прикажува на Сител телевизија.
Приказна
уредиОва е приказна за Ѓумуш која е сиромашна убава и интелигентна девојкa, чии родители загинале во пожар и сега Ѓумуш живее во мало гратче со својата баба Сафиjе со која е многу поврзана и која е нејзина поткрепа и сила. Нејзиниот мирен и спокоен живот се менува откако е одбрана за снаа од богатото и угледно турско семејство Шадоглу, сопственици на позната текстилна компанија водена од мажите на фамилијата. Ѓумуш од малечка била вљубена во Мехмет Шадоглу и сега е пресреќна што токму она е одбрана за жена на Мехмет. Но таа не знае колку со тој брак ќе и се промени животот... Мехмет бил порано многу вљубен во неговата свршеница Нихан која очекувала дете од него, но таа загинала во сообраќајна несреќа. Скршен од тага и болка поради смртта на саканата, Мехмет се оддава на пијанство, боемски живот и целосно се дестабилизира како личност. За да го врати во нормален живот, главата на семејството, стариот дедо Мехмет Фикри Шадоглу му договара брак со убавата Ѓумуш и како што се муслиманските обичаи, таа одлука е неотповиклива. Таа одлука на стариот Мехмет Фикри предизвикува големо изненадување кај сите роднини, пријатели на семејството, кои пред се' се засрамени од влегувањето на Ѓумуш во високите општествени кругови. Кедер, ќерката на домарот на вилата Шадоглу е помалку разочарана од таа одлука затоа што е вљубена во Мехмет, но сепак сега и ја посакува среќата на нејзината пријателка од детството Ѓумуш. Семејството Шадоглу крие многу тајни и изобилува со разни карактеци чии судбини се предодредени од религијата. Ѓулсун и Ахмет се децата на стариот Мехмет Фикри. Ѓулсун е омажена со злобниот Тарак, но немаат деца, а нејзиниот брат Ахмет е оженет со доминантната Шереф и имаат две деца: главниот лик Мехмет и Пинар. Тарак ја изневерува жена му со друга жена со која има и вонбрачно дете, а пак Шефер е главната сплеткарка во фамилијата, но воедно и онаа која се грижи за куќата. Пинар е добра девојка која живеела во Америка, има поинакви сфаќања, а по нејзиното доаѓање, се мажи со Онур, најдобриот пријател на брат и Мехмет и покрај тоа што ја има вонбрачната ќерка Дефне.
Започнуваат сплетки и негодувања. Најпрвин Мехмет ќе избега од сопствената свадба со што ќе предизвика инфаркт на татко му, но потоа ќе се согласи на брак. Откако убавата Ѓумуш влегува во тоа семејство, сфаќа дека влегла во опасен и љубоморен свет на луѓе кои не ја сакаат. Мајката на Мехмет е најгласниот непријател на новата снаа и во текот на приказната, постојано ќе кова заговори и сплетки кон Ѓумуш. Бахар и Берк се исто така внуци на стариот Мехмет Фикри кои живеат во куќата, но како мали ги загубиле родителите. Бахар е целосно предадена на работата, за разлика од нејзиниот брат Берк кој живее спонтан и лесен живот.
Постепено Ѓумуш и Мехмет се запознаваат подобро во бракот и Мехмет силно се вљубува во својата сопруга за која порано немаше место во неговото срце. Но на патот на нивната врска не стојат само негодувањата од фамилијата, туку најголема пречка за опстанок на нивниот брак е токму Нихан, бившата девојка на Мехмет која изненадно се појавува во серијата. Таа не е мртва како што мислеле дотогаш. Се наоѓа во инвалидска количка и доаѓа во фамилијата со синот од Мехмет. Ѓумуш не може да верува дека тоа е нова опасност за нејзиниот брак, па во тие моменти на разочарување, најголема поткрепа наоѓа во баба и.
На изненадување на сите, херојот на приказната - Ѓумуш станува важен дел од бизнисот на фамилијата, издигајќи се како квалитетен и врвен моден творец.
Улоги
уредиГлумец | Улога: |
---|---|
Сонгул Оден | Гумуш |
Киванч Татлитуг | Мехмет |
Екрем Бора | Мехмет Фикри |
Гунгор Бајрак | Шереф |
Фунда Илхан | Есра |
Ајча Варлијер | Пинар |
Лачин Џејлан | Гулсун |
Севинч Гурсен Акјилдиз | Бахар |
Тарик Унлуоглу | Тарик |
Барис Багџи | Емир |
Џунејт Чалишкур | Ахмет |
Сердар Орчин | Онур |
Камил Гулер | Гокан |
Емре Карајел | Енгин |
Тајфун Ераслан | Левент |
Хикмет Карагоз | Осман |
Џансин Озјосун | Дидем |
Фусун Ербулак | Дилруба |
Мурат Акдаг | Којлу |
Чигдем Батур | Дилек |