Гуанган (кин. 广安, пинјин: Guǎng'ān) е град во источниот дел на покраината Сечуан, Кина. Градот е најпознат како родно место на прочуениот премиер и реформатор Денг Сјаопинг, наречен „Творецот на современа Кина“. Гуанган се протега меѓу ридовите на централен Сечуан и источните клисури. Заради неговото стратешка местоположба, градот се нарекува „премин кон источен Сечуан“.

Гуанган
廣安
Окружен град
кинески транскр.
 • Упростено广安
 • Традиционално廣安
 • пинјинGuǎng'ān
Местоположбата на округот Гуанган во рамките на Сечуан
Местоположбата на округот Гуанган во рамките на Сечуан
ЗемјаНР Кина
ПокраинаСечуан
Управа
 • Партиски секретарВанг Џиенџин
 • ГрадоначалникХоу Сјаочун
Површина
 • Вкупна6.344 км2 (2,449 ми2)
Најг. вис.&100000000000017040000001.704 м
Најм. вис.&10000000000000185000000185 м
Население
 • Вкупно4,443,000
 • Густина700/км2 (1,800/ми2)
Час. појасКинеско стандардно време (UTC+8)
Повик. бр.0826
Мреж. местоguang-an.gov.cn

Географија и клима

уреди

Гуанган е сместен на благо наклонето земјиште долж рабовите на Сечуанската Котлина. Површината изнесува 6.344 км². Источниот дел е планински, централниот е ридест, додека пак западниот е релативно рамен. Теренот се движи од 185, па сè до 1704 метри надморска височина. Поважни реки во областа се Чи (渠江) која тече низ средиштето и Џалинг (嘉陵江) која тече низ западниот крај.

Климата е умерена и монсунска. Просечната температура се движи од 15,8° до 17,7 °C. Зимите се благи, а летата врели. Просечното количество врнежи изнесува 1000–1500 mm. Во годината има 310-324 денови без мраз. Зимата и пролетта се релативно суви, но затоа летото има обилни дождови. Есента се одликува со речиси постојани вржени и слаб ветер.

Административна поделба

уреди

Гуанган има 1 град, 3 околии, 87 помали градови и 2.886 села, со вкупно население од 4.443.000 жители [1].

Реони:

Околии:

Град:

Сообраќај

уреди

Стопанство

уреди

Стопанството на Гуанган претежно се состои од експлоатација на природни ресурси. Земјата е богата со минерални лежишта, а почвата е особено погодна за обработка.

Туризам

уреди

Во блиското селото Пајфанг се наоѓа музеј-куќата на Денг Сјаопинг (牌坊村). Гуанган има особено убава природна околина со многубројни планини и клисури кои денес се паркови.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

30°29′N 106°38′E / 30.483° СГШ; 106.633° ИГД / 30.483; 106.633