Грчкиот Устав од 1973 година (грчки: Σύνταγμα του 1973) — изменета верзија на Грчкиот устав од 1968 година (кој никогаш не бил целосно донесен) од грчкиот диктатор Јоргос Пападопулос, со цел укинување на грчката монархија. Преписот на Пападопулос на уставот од 1968 година ги заменил термините „парламентарна монархија“ и „крал“ со „републиканска демократија“ и „претседател на Грција[1]. Уставот никогаш не бил донесен поради неуспешниот обид на Пападопулос за либерализација на неговиот режим.

Грб на Грција од 7 јуни 1975 година

Заднина

уреди

Во почетокот на 1973 година, режимот на Пападопулос за првпат доживеал организирани протести против својата диктаторска влада. Во февруари 1973 година[2], востанието на Правниот факултет започнало кога студентите по право го окупирале Правниот факултет во Атина, протестирајќи против диктаторите и било претходник на Атинското политехничко востание. Јавните немири против режимот биле проследени со обид за државен удар против Пападопулос во организација на грчката морнарица[1].

Диктаторите силно се сомневале дека кралот Константин II, кој веќе бил во егзил, поради обид за претходен удар против нив во декември 1967 година, исто така, стоел зад обидот за вториот морнарски удар. Диктаторот го искористил обидот на морнарскиот државен удар како изговор за зајакнување на својата позиција со отстранување на кралот[3]. Еден месец подоцна, во јуни 1973 година Пападопулос продолжил да ја укине монархијата и да ја прогласи Грција за претседателска република, истовремено назначувајќи се на новата позиција како шеф на државата на Грција.

Не трошејќи го времето, режимот продолжил во јули истата година одржувајќи референдум кој го ратификувал новиот устав со 21,56% поддршка на монархијата и 78,44% против тоа[1][4]. Обидот на Пападопулос за изградба на нов политички систем во Грција конечно не успеал и новиот устав никогаш не беше донесен.

Анализа

уреди

Уставот од 1973 година е втор устав во современата грчка историја, по претходниот устав од 1968 година, што произлегол од неуспешниот обид за државен удар на грчката морнарица[5]. Уставот од 1973 година е во спротивност со член 137 став 1 од својот претходник Уставот од 1968 година кој гласи: „Основните одредби на Уставот, како и оние кои ја одредуваат формата на власта како крунисана демократија никогаш не можат да се ревидираат“. Поради ова спротивставување на член 137 од неговиот претходник, уставот од 1973 година се одликува како „револуционерен“. Уставот од 1973 година бил заменет со сегашниот грчки устав во 1975 година.

Овластувања на претседателот

уреди

Според уставот од 1973 година, претседателот имал моќ да номинира и ги отпушти министрите и замениците министри за јавен ред, надворешни работи и национална одбрана. Член 49, став 2 од Уставот од 1973 година, му овозможувало на претседателот директно да ги командува вооружените сили и, исто така, да го избере врховниот командант и командантот на гранките на вооружените сили[6]. Уставот од 1973 година, исто така, им давал законодавни овластувања на претседателот, како и на парламентот на Грција</ref> The 1973 constitution also gave legislative powers to the president as well as the parliament of Greece.[7].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Philippos K. Spyropoulos; Théodore Fortsakis (2009). Constitutional Law in Greece. Kluwer Law International. стр. 54–55. ISBN 978-90-411-2878-2.
  2. Michel Forsé; International Research Group on the Comparative Charting of Social Change in Advanced Industrial Societies (29 April 1993). Recent Social Trends in France, 1960–1990. McGill-Queen's Press – MQUP. стр. 410. ISBN 978-0-7735-0887-3.
  3. Mogens Pelt (2006). Tying Greece to the West: US-West German-Greek Relations 1949–1974. Museum Tusculanum Press. стр. 348. ISBN 978-87-7289-583-3.
  4. Louis M. Imbeau; Steve Jacob (19 February 2015). Behind a Veil of Ignorance?: Power and Uncertainty in Constitutional Design. Springer. стр. 179. ISBN 978-3-319-14953-0.
  5. Markesinis, Basil S. (1973). „Reflections on the Greek Constitution“. Parliamentary Affairs. 27 (1973September): 8-27.
  6. Thomas Kyriakis, University of Hamburg. „The two Plebiscites and Constitutions of 1968 and 1973“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2019-04-01.
  7. Stephen G. Xydis (Autumn 1974). „Coups and Countercoups in Greece, 1967–1973“ (PDF). Political Science Quarterly. The Academy of Political Science. 89 No. 3: 507–538. doi:10.2307/2148452.