Грујо Акелов
Грујо Акелов — македонски револуционер, војвода и деец на Македонската револуционерна организација.[1]
Грујо Акелов | ||
Роден | 1883 Дедебалци, Битолско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 23 април 1905 Биљаник, Битолско, Македонија |
Животопис
уредиАкелов е роден во 1883 година во битолското село Дедебалци. Од страна на Организацијата бил назначен за полски војвода.[1] Во прво време бил терорист и четник кај војводите Димче Сарванов и Јон Пашата. Станува самостоен војвода. Во април 1905 година е опкружен заедно со четворица свои четници во селото Биљаник, Битолско, и сите загинуваат на 23 април 1905 година во потпалена куќа [2].