Грофчански мост

стар мост во Кратово
(Пренасочено од Гровчански мост)

Грофчански мост (наречен и Гровчански мост) — историски камен мост преку Кратовска Река.[1][2] во градот Кратово, прогласен за културно наследство на Македонија.[3]

Грофчански мост
Поглед на Грофчанскиот мост
Координати42°04′41.6″N 22°10′52.3″E / 42.078222° СГШ; 22.181194° ИГД / 42.078222; 22.181194
ПреминуваКратовска Река
МестоКратово
Други називиГровчански мост
Зашт. статускултурно наследство на Македонија
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина30 м
Ширина4 м
Висина8 м
Распони2
Историја
Завршенран XVIII век
Местоположба
Карта

Мостот е изграден на почетокот на XVIII век од богатото кратовско семејство Грофчански, кое се доселило од Мала Азија.[4] Се наоѓа на околу 70 метри од Чаршискиот мост и заедно со него го обезбедуваат кружното движење по градската чаршија.[2] Сместен е меѓу Чаршискиот и Сарајскиот мост и ја поврзува Ајдучката чаршија со десниот брег на Кратовска Река. Грофчанскиот мост е една од главните патни артерии во градот. Долг е 30 м, широк е 4 м и се издига на висина од 8 м.[1] Изграден е од камен и има два свода. Големиот свод има димензии од 6 × 9,20 м, а малиот е голем 0,80 × 2 м.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Милевски, Ивица (18 март 2014). „Кратово – град на средновековни кули и мостови“. ИГЕО-ПОРТАЛ - Институт за географија. Посетено на 13 јули 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Грофчански мост“. Центар за дигитизација на националното наследство (ЦДНН). Посетено на 13 јули 2017.[мртва врска]
  3. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  4. „Архитектура во Кратово“. Македонска нација. 10 јули 2013. Посетено на 2 февруари 2022.

Надворешни врски

уреди