Грдото Пајче (теленовела)
Грдото Пајче (шпански јазик: Patito Feo) е аргентинска телекомедија. Серијата во Аргентина започна со прикажување на 10 април 2007, но поради големиот успех следната година на 23 април 2008 започна со прикажување и втората сезона. Специјално гостување во серијата имаше и популарната глумица Наталија Ореиро.
Грдото Пајче | |
---|---|
Податотека:Patitofeo.jpg Главни ликови | |
Жанр | комедија теленовела |
Создадена од | Марсело Тинели Алехандро Стосил |
Улоги | Лаура Наталија Ескивел Гастон Софрити Хуан Дартес Бренда Асницар |
Земја на потекло | Аргентина |
Првичен јазик | шпански |
Бр. на сезони | 2 |
Бр. на епизоди | 316, 135 (прва сезона), 140 (втора сезона) |
Производство | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Канал 13 |
Првично прикажување | Прва сезона: 10 април 2007 – 14 декември 2007 Втора сезона: 23 април 2008 – 3 ноември 2008 |
Хронологија | |
Следбеник | Атракција 4 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | patitofeo.tv/v2/ |
Синопсис
уредиПатито живее со Кармен, нејзината мајка, во Сан Мартин де лос Андес. Нејзиниот живот е спокоен и среќен. Двете се сами на тој свет, бидејќи Патито не го запознала нејзиниот татко, а и мајка и Кармен ја чува тајната од секој. Тоа прави Патито да страда, но таа сака да ја дознае вистината за својот татко. Кога започнува приказната Патито се вљубува на прв поглед во симпатичното момче Матијас, момчето е на одмор во Сан Мантин де лос Андес, каде живее Патито. Матијас живее во главниот град, Буенос Аирес, и Патито не мисли дека никогаш повеќе нема да го види, но судбината решава поинаку. Патито и Кармен одат во престолнината по желба на Патито. И судбината докажува, дека љубовта за мајката и ќерката не е невозможна. Кармен го среќава Леандро, љубовта не нејзиниот живот, таткото на Патито, човекот, кој никогаш не успеала да го заборави. Тој имено е доктор, кој работи во болница во Буенос Аирес. А, Патито го среќава повторно Матијас, нејзината прва љубов, кој исто така не можела да го заборави. Но, се не може да е така розово... За несреќа Леандро живее со Бланка, една манипулативна и злобна жена, чиј живот се соочува со една голема лага. Бланка е во партнерство со Поло и Дорина, чија цел е да стигнат до парите на Леандро и да се збогатат на негов грб. Целта на Бланка е да се омажи за Леандро и да стане богата. Од друга страна, љубовта на Патито за Матијас е спречена од Антонела, која е ќерка на Бланка. Таа е убава, каприциозна и љубоморна девојка, која го сака Матијас, истиот во кој е вљубена и грдата Патито. Кога Патито дознава, дека и Антонела го сака Матијас не сака и не смета дека може да се натпреварува со такво убаво девојче. Средбата на Кармен и Леандро е помалку изненадувачка после толку години. Леандро чувствува нешто чудно кон Патито... некако ја чувствува блиска. Разбирајќи дека таа пораснала без татко си дава многу прашања на кои Кармен нема лесно да одговори. Патито започнува да оди на училиште, каде мајката на Леандро е директор. Во училиптето започнува со работа Чичо, кој се јавува како професор по музика, но тој реално направил документи и влегол во училиштето со измама. Во училиштето, учениците се делат на две групи. Едната група е на “Божиците”, чии водач е Антонела, а другата е “Популарните”, во кои учествува Патито. Двете групи наполно ги придобивата одликите на своите членови и самите песни и танци имаат свој карактеристичен вкус. Сред секои танци, песни и пријатели, дури и непријатели Патито ќе дознае како е да имаш татко, да ја запознаеш љубовта и да дознаеш, дека убавината е внатре во душата и срцето, а не нацртана на лицето.
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Лаура Наталија Ескивел | Патрисија “Патито” Кастро |
Гризелда Сицилиани | Кармен Кастро |
Хуан Дартес | Леандро Дјиаз Риварола |
Гастон Софрити | Матијас |
Глорија Кара | Бланка Бернарди |
Телма Фардин | Хосефина Белтран |
Никол Луис | Лусијана |
Родриго Гуирао | Николас |
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 28 октомври 2007 г.
- Страна на Канал 13 Архивирано на 28 август 2008 г.