Атракција 4 (шпански јазик: Atraccion 4x4) е аргентинска теленовела. Всушност, ова е тинејџерска телекомедија под продукција на Идеас дел Сур. Серијата имаше одлични резултати со својот старт кој беше на 3 ноември 2008 год. Како дел од глумечката екипа се појавија нам добро познатите Луисана Лопилато и Камила Бордонада, како и братот на Луисана, Дарио Лопилато.

Атракција 4
Податотека:4x4Logo.jpg
Жанркомедија
теленовела
Создадена одМарсело Тинели
УлогиГабриел Гоити
Карола Рејна
Камила Бордонада
Луисана Лопилато
Земја на потеклоАргентина
Првичен јазикшпански
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди111
Производство
Извршен продуцент(и)Густаво Белати
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 13
Првично прикажување3 ноември 2008 – 5 мај 2009
Хронологија
Следбеникнепознато
Надворешни врски
Мрежна страницаatraccionx4.tv

Синопсис уреди

"Атракција 4x4" ни ја раскажува приказната за две семејства од различни социјални класи, кои заради своите судбини се собираат и споделуваат интриги, романтика и битки и оние кои растат и возрасните. Хамлет Лакале ја создал музиката за песната за жената, која му го предизвикала најголемото разочарување: Летисија Рокатаглиата Балбуена. Изминатите дваесет години таа песна била исполнета и препишана од најпознатите музичари во светот. Наискрениот пријател на Хамлет, Гонсало Милохас му ги украдил двете најголеми работи: музичката тема претварајќи во хит, од која станува милионер, и неговата голема љубов, Летисија, за која се оженил. Од тој ден, лошата среча во професијата го следи Хамлет, и покрај тоа, тој продолжува да е простодушен и заработува храна заедно со ќерките и една група од пријатели пеејќи во музички бенд наречен Patota Tropical. После откако останал вдовец, тој се грижи за своите три ќерки, кои ги обожава и им помага на секој начин. Историјата се дели на два дела. Во едниот дел се возрасноте, со Хамлет и неговата борба да си го врати она кое е негово. Таму се справува против Гонсало, кој го заштитува она кое го добил по нечесен пат. А Летисија повторно се среќава со Хамлет, од кого таа ги има најубавите спомени и исто така е причината за неговото најголемото разочарување. Во младата глумечка екипа, ќерките на Хамлет и донесените синови на Летисија ја предизвикуваат судбината и споделуваат авантури и романси, додека се обидуваат да се приспособат еден кон друг и покрај различните начини на живот.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Габриел Гоити Хамлет
Карола Рејна Летисија
Камила Бордонада Малена
Луисана Лопилато Нина
Хуана Дубари Паула
Родриго Гирао Диаз Франциско
Елиас Вињолес Кето
Дарио Лопилато Пабло

Надворешни врски уреди