Грб на Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови

Грбот на Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови е усвоен во 1985 година. До 1985 година, овие острови биле во состав на Фолкландските Острови и го користеле нивниот грб, а до 1962 година биле во состав на Британските Антарктички Територии. Грбот се состои од штит на кој се наоѓа лав со факел. Околу штитот се поставени фока и пингвин, а на врвот на штитот има шлем и елен. Под штитот има трака со натписот "Leo Terram Propriam Protegat" (Лавот ја штити својата земја).

Грбот на Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови

Поврзано

уреди