Грбовен крал Кларансо
Грбовен крал Кларансо (англиски: Clarenceux King of Arms) — грбовен службеник во Колегијатот на грбови во Лондон. Кларансо го има повисок чин од двајцата регионални грбовни кралеви, и под негова јурисдикција е делот од Англија јужно од реката Трент. Речиси е сигурно дека оваа функција постоела во 1420, а мошне е веројатно дека постоела и во 1334, под називот Claroncell rex heraldus armorum. Звањето „Кларансо“ (Clarenceux) дека потекнува или од владенијата на Клерските ерлови од Глостер, или пак од војводството Кларенс (1362). Од доцниот XV век наваму, со само мали варијации, грбот на хералдичкиот крал Кларансо се блазонира како: (Argent a Cross on a Chief Gules a Lion passant guardant crowned with an open Crown Or).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- The College of Arms, Queen Victoria Street : being the sixteenth and final monograph of the London Survey Committee, Walter H. Godfrey, assisted by Sir Anthony Wagner, with a complete list of the officers of arms, prepared by H. Stanford London, (London, 1963)
- A History of the College of Arms &c, Rev. Mark Noble, (London, 1804)
Надворешни врски
уреди- Колегијат на грбови (англиски)
- Индекс на грбовни службеници — CUHGS (англиски)