Градски парк (Гостивар)
јавен парк во Гостивар
Градски парк — јавен парк во Гостивар кој воедно е и најголемиот парк во градот. Паркот има површина од околу 66,840 м2, од кои околу 23,700 м2 се на левиот брег на Вардар, а околу 43,140 м2 се на левиот брег.
Градски парк | |
---|---|
Паркот кој е на двете страни на Вардар | |
Вид | Градски парк |
Место | Гостивар, Македонија |
Координати | 41°47′30″N 20°54′00″E / 41.79167° СГШ; 20.90000° ИГД |
Површина | 6.684 хектари |
Географија и местоположба
уредиГрадскиот парк се наоѓа во средиштето на Гостивар. Источно од северниот дел на паркот е Спортската сала Младост, додека на северозапад е Градската болница. На запад се наоѓа Градскиот стадион. Јужно од паркот се училиштата СОУ „Гостивар“ и СОМУ „Гостивар“. На југоисток се наоѓа Апелациониот суд.
Особености
уредиНа двете страни на Вардар се наоѓа кејот. Двете страни на паркот се поврзани со мост преку реката. На десната страна на Вардар се наоѓа амфитеатар.
Галерија
уреди-
Кејот од двете страни на Вардар и јужниот дел на паркот
-
Северниот дел на паркот
-
Луна парк на јужниот дел на паркот
-
Луна парк на јужниот дел на паркот
-
Кејот од северниот дел на паркот
-
Кејот од северниот дел на паркот
-
Кејот од јужниот дел на паркот
-
Амфитеатарот
-
Амфитеатарот