Градишки Пештер
Градишки Пештер — пештера во Бислимската Клисура на реката Пчиња, јужно од градот Куманово.
Градишки Пештер | |
---|---|
Отворот на Градишки Пештер | |
Место | Бислимска Клисура на река Пчиња, с.Пчиња, Кумановско |
Должина | 12 м |
Местоположба
уредиГрадишки пештер, се наоѓа на ридот Градиште на левата долинска страна во средишниот дел на Бислимска Клисура, на јужно од Куманово, во делот каде реката Пчиња силно меандрира. Кај самиот врв во месноста Градиште во ниската карпа под врвот издлабен е правоаголен отвор низ кој се влегува во кратката пештера по чии ѕидови можат да се забележат стари натписи – веројатно уште од античко време[1]. Пештерата е мала и нејзината вкупна должина изнесува 12 метри, додека длабочината и изнесува 1 метар. Расположена е на надморска височина од 338 метри[2]. Денес оваа пештера сточарите ја користат како засолниште при временски непогоди. На 10 метри од влезот во пештерата, затскриен зад карпите е некаков отвор во вид на бунар. Преку отворот се нафрлани гранки за да се спречи впаѓање на добиток. Овој отвор е всушност влез во Голема Градишка пропаст, длабока над 20 метри.
Наводи
уреди- ↑ Милевски, Ивица (19 јуни 2012). „Уживајте во патешествието по интересната Бислимска Клисура кај Куманово“. ИГЕО Портал. Посетено на 14 декември 2019.
- ↑ Милевски, Ивица (1999). „КАРСТНА ОБЛАСТ БИСЛИМСКА КЛИСУРА-ЈУЖНО ОД ГРАДОТ КУМАНОВО“. Посетено на 14 декември 2019.