Гоце Симовски ( 1922 во Тетово1944 во Прилеп) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Откако завршил основно училиште изучил занает и станал столарски работник. По окупацијата на земјата пристапил кон народно-ослободителното движење. Во 1942 година бил примен за член на Комунистичката партија на Југославија. Неговата куќа се користела за одржување на илегални состаноци, како и за засолнување на многу илегалци и раководители на КПЈ. Кон крајот на 1942 година ја преминал границата и како илегалец живеел и работел во Скопје. Тука ја продолжил својата партиска дејност. Станал курир на скопската партиска организација ѝ по партиски задачи илегално заминал одново во Западна Македонија. Во Скопје одржувал врска со илегалците на кои им овозможувал да заминат во партизани. Една поголема група илегалци лично ја водел од Скопје во партизанската база. Во 1943 година го напуштил Скопје, продолжувајќи ја својата активност во други краишта на Македонија. Во (октомври-ноември)1944 година загинал во борбата против окупаторот за ослободувањето на Прилеп.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 128. На |first= му недостасува |last= (help)