Господинот Смит оди во Вашингтон
„Господинот Смит оди во Вашингтон“ (англиски: Mr. Smith Goes to Washington) — американски филм од 1939 година, во режија на Френк Капра. Главните улоги ги толкуваат: Џејмс Стјуарт, Џин Артур и Клод Рејнс. Филмот е добитник на „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио.[1]
Синопсис
уредиЏеферсон Смит (го игра Стјуарт) е наивен идеалист, инструктор на млади извидници. Во една прилика, сосема случајно, корумпираниот гувернер го предлага за сенатор при што го испраќа во Вашингтон. Таму, Смит го среќава Џозеф Пејн (го игра Рејнс), јунакот од неговото детство, кој сега е потенцијален кандидат за претседател на САД. Во Вашингтон, Смит ја открива мрачната страна на политиката и недостатоците на политичкиот процес поради што влегува во судир со својто шеф, Џим Тејлор. Тејлор најпрвин се обидува да го поткупи Смит, а откако не успева, настојува да го уништи така што го вовлекува во скандал.[2]
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |