Гора на Блаженствата
Гора на Блаженствата (хебрејски: הר האושר, Хар Ха-Ошер) — рид во северен Израел, сместен на висорамнината Коразим. Се смета за местото каде Исус ја одржал познатата Беседа на гората.
Место
уредиТрадиционалното место на оваа планина е на северозападниот брег на Галилејското Езеро, помеѓу селото Капернаум и остатоците на древен Генисарет (Гиносар), на јужните падини на висорамнината Коразим. Бидејќи се наоѓа на негативна надморска висина (околу 25 м под морето, речиси 200 метри над Галилејското Езеро), се вбројува меѓу најниските врвови на светот.[1]
Вистинското место каде се одржала Беседата на гората не е сосема извесно, но денешното возвишение (наречено и Ерем) го ужива тој статус повеќе од 1600 години. Местото е во непосредна близина на селото Табха. Предложени се и други места, како што е недалечниот Арбел (Арвил), па дури и Хатинските Рогови.
Историја
уредиПодолу на падината во IV век е подигната византиска црква, која била во употреба сè до VII век. Овде и денес се забележуваат остатоци од цистерна и манастир. Денешната католичка Црква на Блаженствата е изградена во 1937-38 г. според нацрти на италијанскиот архитект Антоино Барлуци.
Папата Јован Павле II на ова место одржал миса во март 2000 г. Поклоничката Исусова патека ја поврзува планината со други места од животот на Христос.
Поврзано
уредиНаводи
уредиИзвори
уреди- Macmillan Bible Atlas, ISBN 0-02-500605-3
- Oxford Archaeological Guide: The Holy Land (paperback, fourth edition (1998)), pg 279. ISBN 0-19-288013-6
Надворешни врски
уреди- Гора на Блаженствата на Ризницата ?
32°52′56.04″N 35°33′18.61″E / 32.8822333° СГШ; 35.5551694° ИГД