Галилејско Езеро

езеро во Израел

Галилејско Езеро (или Галилејско Море, Тибериско Езеро, Генезаретско Езеро илиКинерат) — езеро на територијата на Израел.

Галилејското Езеро, сателитска снимка

Називот Галилејско го добило по покраината Галилеја во кое се наоѓа. Генезарет е неговото постаро име и го добило по градот којшто се наоѓал на неговите брегови, а Тиберијско се викало од првиот век по градот Тиберија. Кинерет денес е негово службено име.

Географија

уреди

Галилејското Езеро е долго 21, а широко околу 13 километри. Зафаќа површина од 166 км². Длабоко е 48 метри. Се наоѓа на 212 метри под нивото на морето, што го прави второ најниско езеро на светот (прво е Мртвото Море). Во него од север се влева и на југ извира реката Јордан која подоцна се влева во Мртво Море.

Историја

уреди

Антика

уреди

На североистокот на езерото се пронајдени остатоци од библискот град Кинерет, кој според научниците потекнува од бронзеното доба. Галилејското Езеро лежи на древниот римски пат via maris, кои ги поврзувал Египет со северните римски провинции.

Ново доба

уреди

На почетокот на XX век Евреите почнале со населувањето на езерото.

Панорама на Галилејското Езеро

Надворешни врски

уреди