Горан Ивановски
Горан Ивановски (1983, Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Горан Ивановски | ||
Роден | 1983 Скопје | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Балканот не е мртов | |
Занимање | глумец |
Животопис
уредиГоран Ивановски е роден во Скопје, а уште како дете се преселил САД, при што живее во Њујорк. Учел на колеџот за глума во Њујорк, а посетувал и колеџ за Шекспиров театар.
Кариера
уредиИвановски играл во неколку кратки филмови, имал улоги во неколку долгометражни филмови, а се појавил и во една епизода на серијата "Закон и ред". Една година поминал во Македонија како дел од тв-серијата "Збогум Румелија", која се снимала во Битола. Играл и во филмот на Александар Поповски "Збогум на 20-тиот век", а има остварено повеќе од 20 театарски улоги. За претствата "Осамениот Запад на Мартин Мекдона", во која го игра постариот брат Колман Конор, тој бил номиниран за наградата на Њујоршката фондација за иновативен театар, во категоријата "најдобра главна улога во претстава".[1]
Наводи
уреди- ↑ ”Двајца Македонци номинирани за театарски награди во Њујорк”, Дневник, година XVIII, број 5530, петок, 1 август 2014, стр. 23.
Надворешни врски
уреди- Горан Ивановски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)