Голем Глен (шкотски гелски: Gleann Mòr, англиски: Great Glen), наречен и Глен Албајн (Gleann Albainn или Glen Albyn - „Гленот на Шкотска“) или Глен Мор — низа гленови во Шкотска кои се протегаат в должина од 100 км од Инвернес на Марискиот Ферт, па сè до Форт Вилијам при почетокот на Лох Лини.

Голем Глен во рамките на Шкотска
Местоположба на Големиот Глед во Шкотска
Карта на Големогленскиот пат

Големиот Глен се протега долж голем расед познат како Големогленски Расед. Тој ги пресекува Шкотските Гори на два дела - Грампијанските Планини на југоисток и Северозападните Гори на северозапад.

Гленот претставува природен пат на Шкотските Гори, и низ него се протегаат Каледонскиот Канал и патот A82, кој го поврзува градот Инвернес на источното крајбрежје со Форт Вилијам на запад. Овој пат се нарекува Големогленски пат.

Областа на гленот играла стратешка улога при котролирањето на горските кланови, особено Јакубитското востание во XVII век, за што сведочат градовите Форт Вилијам на југ, Форт Огастес во средината на гленот, и Форт Џорџ веднаш северно од Инвернес.

Најголемиот дел од гленот се состои од низа лохови, кои ги поврзуваат реки. Лоховите ги користи и Каледонскиот Канал, но реките не се пловни.

Еве ги водните површини на Големиот Глен од североисток кон југозапад:

Вододелницата се протега помеѓу Лох Ојх и Лох Лохи. Лох Лини, кој се наоѓа јужно од Форт Вилијам е морски лох на кој излегуваат реката Лохи и Каледонскиот Канал. На северниот крај реката Нес се влева во Марискиот Ферт.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

57°18′0″N 4°27′0″W / 57.30000° СГШ; 4.45000° ЗГД / 57.30000; -4.45000