Шкотски Низини (англ. Scottish Lowlands, шко. Lallans, гел. A' Ghalldachd = „странска земја“) — (приближно) јужната половина на Шкотска која е со претежно рамничарски карактер и посебна култура и историја.

Разделницата Гори-Низини прикажана како сина испрекината линија

Низините немаат формален статус и управна улога, туку се однесуваат на оној дел од земјата што не им припаѓа на Горите (Highlands или Gàidhealtachd). За граница најчесто се зема линија помеѓу Стонхевен и Хеленсбург (на Клајдскиот Ферт). Низините се протегаат јужно и источно од линијата. Некои делови од Низините (како Јужниот Ридски Крај) не се физички „ниски“, додека пак некои подрачја кои неоспорно им припаѓаат на Горите (како што е Ајла) се низински.

Од геолошки аспект, Низините и Горите ги дели Горскиот Граничен Расед (Highland Boundary Fault).

За сите други цели границата не е строго утврдена и се разликува од случај до случај. Ако го земеме Граничниот Расед, тогаш традиционалните окрузи (грофовии) што целосно влегуваат во Низините се Ершир, Берикшир, Клакмананшир, Дамфрисшир, Источен Лотијан,[1] Фајф, Кинросшир, Керкубришир, Ланаркшир, Мидлотијан,[2] Пиблсшир, Ренфрушир, Роксбрушир, Селкеркшир, Западен Лотијан[3] and Вигтауншир.

Традиционалните окрузи што се протегаат од обете страни на граничниот расед се Ангус, Данбартоншир, Стерлингшир, Пертшир, Кинкардиншир, Абердиншир, Банфшир и Мари.

Географски, Шкотска се дели на три засебни подрачја: Гори, централната рамница (Централниот Појас), и Јужниот Ридски Крај (Southern Uplands). Низините приближно го зафаќаат второто и третото подрачје. Североисточната рамница исто така е низина (како географски така и културно), но во некои случаи се групира заедно со Горите.

Најјужните окрузи во Шкотска кои се најблиску до Англија се нарекуваат „Граници“ (Scottish Borders) и понекогаш се сменаат за посебно подрачје, независно од Низините. Дел од населението на овој низински и пограничен регион се преселило во Алстер како дел од неговата плантажна клонизација, а друг дел заминал за Америка.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Источен Лотијан пред 1921 се нарекувал Хадингтоншир.
  2. Мидлотијан пред 1921 се нарекувал Единбургшир.
  3. Западен Лотијан пред 1921 се нарекувал Линлитгоушир.