Големо Ојтинско Езеро
Големо Ојтинско Езеро (германски: Großer Eutiner See) — езеро во областа Холштајнска Швајцарија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа североисточно од градот Ојтин.
Големо Ојтинско Езеро | |
---|---|
Островот на фазаните во Големото Ојтинско Езеро | |
Подрачје | Холштајнска Швајцарија |
Координати | 54°08′36″N 10°38′14″E / 54.143333° СГШ; 10.637341° ИГД |
Главни приливи | Швентине |
Главни истеци | Швентине |
Сливни земји | Германија |
Површина | 2,3 км2 км2 |
Најг. длабочина | 17 м м |
Надм. височина | 26,7 м м |
Острови | 2 |
Населени места | Ојтин |
Зафаќа област од 230 хектари, длабоко е до 17 метри и се наоѓа на височина од 26,7 м. Северната страна директно се граничи со Зешарската Шума. Во западниот дел на езерото, одвоен од мостот Бебензунд, во Фисаускиот Залив, се влева главниот прилив, реката Швентине, која малку позападно истекува. Реката е пловна само за рекреативни активности до Големото Ојтинско Езеро.
Постојат два острови во Големото Ојтинско Езеро: Островот на фазаните (Fasaneninsel) на кој се наоѓаат остатоци на населба и кој се користел за визуелна точка за поранешната барокна градина на Ојтинскиот замок и која денес повторно се користи од приватни лица итн. Љубовен остров (Liebesinsel).
На бреговите на Големото Ојтинско Езеро во текот на летниот период се одржуваат мјузикли.
Надворешни врски
уреди- Големо Ојтинско Езеро на Ризницата ?
- Тури низ Големото Ојтинско Езеро (германски)
- Ојтински летни игри Архивирано на 30 септември 2007 г. (германски)
Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |