Големиот пожар во Истанбул (1660)

Две третини од Цариград (денес Истанбул) биле уништени во Големиот пожар во 1660 година. Хроничарот Абди Паша проценил дека пожарот уништил 280.000 куќи и горел приближно четириесет и девет часа.

За време на реконструкцијата на градот, Османлиите донеле невидени политики во врска со христијанските и еврејските куќи за богослужба. Во претходните периоди, Османлиите обично дозволувале обнова на црквите и синагогите. Меѓутоа, во овој период тие ги примениле исламските закони кои забрануваат реконструкција.

Позадина уреди

На 24 јули 1660 година во Цариград имало голем пожар. Уништил две третини од градот. Седум синагоги и најмалку 25 цркви биле изгорени до темел.[1] Современи извори пишуваат дека илјадници домови биле зафатени од пожарот. Пожарот започнал западно од Еминону и ги уништил густо населените населби со старомодни дрвени домови. Абди Паша запишал дека пожарот „се движел низ градот како војска што напаѓа“.[2] Современи извори проценуваат дека 280.000 домови биле уништени и 40.000 животи биле изгубени во овој пожар.[3]

Последици уреди

Марк Дејвид Баер запишал дека царските џамии во Отоманското Џарство ги означуваат границите на отоманската територија и ги поддржуваат политичките и хегемониските интереси.[4]

Изградбата на Новата џамија започнала кога мајката на Мехмед III, Сафије Султан, била Валиде султан на Отоманското Царство, но проектот бил напуштен неколку децении по нејзината смрт. Изградбата на темелите на наоѓалиштето првично започнале на земјиште што им било одземено на немуслиманите во областа Еминону во Цариград, но тие почнале да се враќаат во околните области.[5] Царското семејство останало незаинтересирано за завршување на проектот Нова џамија сè додека пожарот ја уништил целата област помеѓу Ункапани и Еминону во 1660 година, по што немуслиманското население уште еднаш било лишено од своите имоти.[5] Кога владата започнала да го обновува градот, била издадена забрана за реконструкција на цркви и синагоги.[3]

Младиот голем везир Ќопрулу Фазил Ахмед-паша го поканил проповедникот на Кадизадели, Вани Мехмет Ефенди во Цариград. По совет на Вани, султанот забранил употреба на тутун, кафе и алкохол и инсистирал на строго спроведување на исламскиот закон. Тој уништил суфиски гробници и или ги прогонувал или ги погубил суфиските водачи.[1]

Вани тврди дека непропорционалното уништување на еврејскиот имот во Големиот пожар било знак на божествено незадоволство. Тој го поддржал законодавството што им забранува да се враќаат во областа. Ќопрулу Фазил Ахмед-паша го запленил земјиштето каде што имало синагоги и го продавал на лицитација. На немуслиманите им било забрането да наддаваат за имотот.[1] Турхан Султан ја спонзорирала изградбата на Новата џамија. Отворена е во 1665 година и Вани Мехмет Ефенди станал нејзин прв проповедник.[1]

По некое време, на христијаните им било дозволено да ја откупат земјата каде што биле изградени црквите и да ги обноват. Обновените цркви официјално биле заведени како станбени згради.[3]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Parker 2013.
  2. Baer 2004.
  3. 3,0 3,1 3,2 Zdanowski 2014.
  4. Baer 2008.
  5. 5,0 5,1 Thys-Senocak 1998.

Извори уреди

  • Baer, Marc David (2004). „The great fire of 1660 and the Islamization of Christian and Jewish space in Istanbul“. International Journal of Middle East Studies. 36 (2): 159–181. JSTOR 3880030.CS1-одржување: ref=harv (link)