Големосрпство

националистичка иредентистичка идеологија
(Пренасочено од Голема Србија)

Големосрпство, великосрпство или пансрбизамнационалистничка, шовинистичка и иредентистичка идеологија кај српските националисти. Тој е насочен кон таканареченото обединување на сите Срби во една Голема Србија (српски: Велика Србија). Првиот човек кој го формулирал пансрбизмот бил Доситеј Обрадовиќ кој ги посветувал своите пишувања на „славосрпскиот народ“ кој го опишува како народ кој ги населува Србија, Босна, Херцеговина, Црна Гора, Далмација, Хрватска, Сирмиум, Банат и Бачка. Голем придонес за оваа доктрина дал Милош Милоевиќ (1840-1897), кој се смета за еден од идеолозите на српската пропаганда во Македонија.