Глен Милеров оркестар

Глен Милеровиот оркестар бил формиран во 1937 од Глен Милер. Бил распореден околу еден кларинет и тенор саксофон кои ја свиреле мелодија, додека трите фруги саксофони свиреле хармонија. Милер претходно имал формирано уште еден бенд во 1936, но го распуштил зошто сметал дека е премногу сличен на бендовите во тоа време.

Глен Милеровиот оркестар во изведба (1939)

Новиот бенд бил многу популарен и снимил бројни хитови - меѓу кои и популарните, „Месечева серенада“ („Moonlight Serenade“), „Во добро расположение“ („In the Mood“), „Смокинг раскрсница“ („Tuxedo Junstion“), „Чатануга чу чу“ („Chattanooga Choo Choo“) и „Имам девојка во Каламазу“ („I've Got a Gal in Kalamazoo“).

По трагичната смрт на Милер во 1944, бендот повторно се реоформил под водство на Текс Бенеке кој бил гланиот тенор саксофонист, пејач и долгогодишен пријател на Милер. Неколку години подоцна, оставнината на Милер се разделила со Бенеке и го најмила Реј МекКинли кој бил главен тапанар во Милеровиот воен воздухопловен бенд за да оформи нов „сенишен бенд“ во 1956.

Глен Милеровиот окрестар изведувале и снимале плочи под раководство на разни музичари. Бендот сѐ уште прави турнеи и дене. Моменталниот водач на бендот е тромбонистот Лари О'Брајан.

Медија

уреди


Надворешни врски

уреди