Гилберт Томас Барнет
британски ботаничар
(Пренасочено од Гилберт Барнет)
Гилберт Томас Барнет (англиски: Gilbert Thomas Burnett; 15 април 1800 – 27 јули 1835) — британски ботаничар.
Од 1831 до 1835 г. предавал како прв професор по ботаника на факултетот „Кингс Колеџ“ во Лондон. Во 1835 г. го издал делото Outlines of Botany („Основи на ботаниката“). По смртта му е издадено и делото Illustrations of Useful Plants employed in the Arts & Medicine („Илустрации на полезни растенија во уметноста и медицината“) напишано во 1928 г, а со илустрации од сестра му, А.М. Барнет.
Пишувал и статии од областа на зоологијата, како што е Illustrations of the Manupeda or apes and their allies, 1828 („Илустрации од Манупедија или човеколиките мајмуни и нивните сојузници“).
Дела
уреди- Outlines of Botany, 1835 („Основи на ботаниката“)
- Illustrations of Useful Plants employed in the Arts & Medicine („Илустрации на полезни растенија во уметноста и медицината“)
- Illustrations of the Manupeda or apes and their allies, 1828 („Илустрации од Манупедија или човеколиките мајмуни и нивните сојузници“)
Наводи
уреди- ↑ „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)
- An Encyclopædia of Useful and Ornamental Plants Consisting of Beautiful and Accurate Coloured Figures of Plants Used in the Arts, In Medicine, and For Ornament, with Copious Scientific and Popular Descriptions of Each, Accounts of Their Uses, and Mode of Culture, and Numerous Interesting Anecdotes. In Two Volumes. II. London: George Willis, Great Piazza, Covent Garden. 1852.
Надворешни врски
уреди- Барнет, Гилберт Томас (1800-1835) — хирург и ботаничар, А.М. Лукас, „Речник на националната биографија“ (англиски)