Герен (Батање)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Герен“
| |
Местоположба | 41°49′18″N 22°10′42″E / 41.82167° СГШ; 22.17833° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Батање |
Општина | Карбинци |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Герен — гроб од римско време. На источниот крај од селото Батање, во долот наречен Герен, кој се наоѓа под ридот Кала, во 1947 година Т. Анушев, копајќи камен, открил надгробна плоча од гранит, висока 1,40 метри, широка 0,40 метри и дебела 0,10 метри, човечки коски и обработен камен кои, според описот, личи на капак од урна. Во горниот дел на плочата има едукула во која релјефно се претставени две возрасни и една детска фигура, доста лошо зачувани, а под неа има натписно поле со врежан старогрчки натпис во пет реда. Плочата се наоѓа во куќата на Анушев.[1]
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069