Ѓердан

(Пренасочено од Гердан)

Ѓердан — ниска од бисер, злато, скапоцени камења, што обично се носи околу вратот, како украс, накит[1].

Гердан од Кенија

Најчесто се изработуваат од благородни метали: злато, платина, сребро, од некои легури од благородни метали или од бисери и драгоцени камења. Ѓердани можат да бидат со или без украсни додатоци (приврзоци). Покрај наведеното, ѓердани можат да се изработуваат од: школки, украсни парчиња од резбарено дрво, уметничко стакло, парчиња разнобојна пластика, разнобојни каменчиња и други материјали.

Вредноста на ѓерданот може да биде голема доколку е скап материјалот од кој е изработена или ако е изработена како уметничко дело (во зависност од вредноста на работата на уметникот кој го направил ѓерданот). Ѓердани изработуваат и продаваат кујунџии или златари, а во поново време се произведуваат индустриски или во модни студија (по нацрти на модните творци).

Ѓерданот во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Големиот ѓердан“ — песна на камерунскиот поет Патрис Кајо.[2]
  • „Ѓерданче“ — книга на македонскиот писател Васил Куноски од 1956 година.
  • „Ѓерданот“ — песна на македонската рок-група Верка од 2010 година.[3]

Поврзано

уреди

Галерија на различни ѓердани

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ѓердан“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 16-17.
  3. Верка, Моторни песни, 2010.

Надворешни врски

уреди