Георги Ковачев
Георги Василев Ковачев ( 1924 во Кресна, Пиринска Македонија, Бугарија — 1984 во Бугарија) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]
Георги Ковачев | ||
Роден | 1924 година Кресна, Пиринска Македонија, денеc Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 1984 година | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиТој материјално ја помагал илегалната чета на Герасим Тодоров, поради што бил осуден на десет години строг и темничен затвор. Во логорите на смртта на островот Персин (Белене) тој одлежал повеќе од осум години. Важел за умерен подржувач на македонската кауза.[1]
„ | Секојдневното малтретирање беше неподносливо во тоалетите на полицијата во Свети Врач, но најтешко беше после 17 часот попладне, кога служителите ќе си отидеа дома, а полицајците кои не беа на смена, одеа во крчмите каде пијат, пијат и по некое време ќе си речат: "Ајде оваа вечер да му ја уништиме некому". Така една вечер јас бев игрчката на старешината Гуцара, неколку часа. | “ |
— Георги Ковачев
|