Георги Димитров (историчар)
Георги Георгиев Димитров бил бугарски учител, книжевник, општественик.
Георги Димитров | |
---|---|
Роден(а) | 1838 Ќустендил, Османлиска империја |
Починал(а) | 24 мај 1906 Софија, Кнежевство Бугарија |
Биографија
уредиРоден е во Ќустендил. Во 1851-58 г. учи во Ќустендил кај Аверкиј Попстојанов, а во 1858-59 г. станал учител во Свиленград. Го придружувал митрополитот Авксентиј Велешки при неговите патувања во Македонија - Штип, Кратово, Кочани. Бил деец за црковна независност. Поради нападот во Хасково во 1873 г. бил уапсен, а потоа бил ослободен со собрани 100 лири од неговите домашни. Бил учесник во Старозагорското востание во 1875. Бил продавач на книги (1860) и книжар (1867-75) во Одрин. Во 1878 г. се населил во Пловдив. Автор е на три книги за историјата на Бугарија.
Историскиот труд „Кнежевство Бугарија“
уредиГеорги Димитров планирал да напише историја во три дела, со наслов „Кнежевство Бугарија“, во која ќе го проследи развојот на бугарскиот народ и држава од Средновековието до негово време. Авторот решил со свои средства без туѓа помош, да отпечати историјата. Наместо да му се помогне, му биле правени пречки. Само кнезот Фердинанд I го помогнал со 5 наполеони.
Во првиот дел од своето дело од 1894 год., за Македонците запишал:
Македонците, воопшто, се развиени, итри, лукави и подли луѓе. Македонецот ја сака слободата повеќе и од Тракиецот и од бугаринот кој живее во Северна Бугарија, но само друг да му ја извојува, а не сам тој. Кај Македонецот на постои ниту искра од патриотизам. Тој за пари и татко си продава. Се прикажува, кога се спровеле истиљами (пописи) во некои епархии во Македонија, свештениците кои го советувале населението да ја исповеда пред власта својата народност, некои кажувале: „Ќе ни дадете пари ќе се чиниме бугари“. Во 1861 г. кога од Бугарија се испратија 28 претставници во Цариград по однос на црковното прашање, од Македонија не се испрати ниту еден. Тогаш, речиси цела Македонија уште се грчеше.
Надворешни врски
уреди- Димитров, Георги. Княжество България в историческо, географическо и етнографическо отношение. Част 1. Пловдив, 1894.
- Димитров, Георги. Княжество България в историческо, географическо и етнографическо отношение. Част 2. Пловдив, 1896.
- Димитров, Георги. Страданията на българите и Освобождението на България през 1877–78 г.. София, 1899. 320 с. 2. издание. Стара Загора, 2007, 367 с.