Георгиос Јанглис
Георгиос Jaнглис (грчки: Γιώργης Γιαγκλής или Γεώργιος Γιαγκλής) бил андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.
Георгиос Јанглис | ||
Роден | 1869 Ерисово, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | 1946 Ивирон, Света Гора |
Биографиja
уредиЈанглис е роден во гратчето Ерисово (Јерисос) на Халкидик, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција.
Во 1905 година заедно со Дукас Дукас, Атанас Хаџипантазиев, Андреас Макулис, Стерјос Влахвеис и Димитар Гоголаков ја претставувал основната сила на грчката вооружена пропаганда во Серско [1].
Во 1944 година по завршувањето на бугарската окупациска зона западно од Струма, ја напуштил Нигрита и се засолнил во светогорскиот манастир Ивирон и се замонашил под името Гавриил [2].
Починал во 1946 година. Грчките власти ги префрлиле неговите останки во Ерисово, каде што бил подигнат и негов споменик [3][4].
Наводи
уреди- ↑ Χρονολόγιο των Σερρών
- ↑ Μακεδονικός Αγώνας και Μακεδονομάχοι
- ↑ „Το Κελλί του μοναχού Γαβριήλ (Καπετάν Γιαγλή)“. Архивирано од изворникот на 2010-03-27. Посетено на 2011-02-03.
- ↑ „Ο οπλαρχηγός Καπετάν Γιώργης Γιαγκλής“. Архивирано од изворникот на 2012-04-26. Посетено на 2011-02-03.