Гвајакилска средба
Гвајакилската средба, или Гвајакилска конференција (шпански: Conferencia de Guayaquil), била средба која се одржала на 26 јули 1822 година во Гвајакил, Еквадор, помеѓу Хосе де Сан Мартин и Симон Боливар. Средбата била одржана за да се разговара за иднината на Перу (како последно силно шпанско вицекралство во Јужна Америка) и понатамошниот политички развој на (пост-)колонијална Јужна Америка.
Причини
уредиЛима, главниот град на Вицекралството Перу, бил најзначаен град на шпанските колонии во Јужна Америка. За време на латиноамериканските војни за независност, Лима бил силно упориште на кралските приврзаници. Градот и кралските приврзаници често воделе борби со приврзаниците на независноста на колониите. Предводени од идеите за независност од шпанска власт, а по утврдувањето на независноста на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата и Чиле, Хосе де Сан Мартин започнал со организирање на морнарица сè со цел да се опколи Лима по морски пат. Лима била заземена од либертадорите, но сепак кралските приврзаници биле сè уште присутни во Перу.
Од север, Симон Боливар постепено се приближувал кон Перу. Тој ја ослободил Венецуела после голем број обиди и со помош на Франсиско де Паула Сантандер ги ослободиле Обединетите Покраини на Нова Гренада и со тоа се основала Гран Колумбија. Со битките кај езерото Маракаибо се загарантирала независноста на Венецуела.
Во меѓу време, во Гвајакил се одвил еден револт на населението што резултирало со независност на градот, и тој пример го следеле други еквадорски градови. Дел од населението на Еквадор сакало да се приклучи на Гран Колумбија, дел од населението сакало да се приклучи кон Перу а трети Еквадор да биде независна држава. Боливар помогнал во тој период (не учествувале во првичните борби за еквадорска независност) кога Гвајакил и остатокот на Еквадор се присоединиле со Гран Колумбија. Сан Мартин имал притисок од страна на Перу да предложи Еквадор да се присоедини со Перу.
Теми на разговор
уредиСан Мартин пристигнал во Гвајакил на 25 јули, кога бил пријатно пречекан од Боливар. Како и да е, двајцата не успеале да постигнат договор, иако имале исти цели и взаемна почит, дури и под услови на прифаќањето на Сан Мартин да биде под Боливарова команда. Двајцата имале различни идеи за тоа како да се организираат владите на државите кои ќе бидат ослободени. Боливар се залагал за создавање на републики, додека Сан Мартин се залагал за создавање држави по европски терк, односно монархии. Сан Мртин исто така напоменал дека прифаќа поставување на европски принц како Крал на Перу кога Перу ќе биде ослободено.
Последици
уредиПо средбата Сан Мартин присуствувал на балот одржана на 26 јули во негова чест. Боливар предложил здравица во „име на двајцата најголеми луѓе во Јужна Америка: генералот Сан Мартин и јас себеси“, додека пак Сан Мартин напоменал дека пие за „брзо завршување на војната, организацијата на различните републики на континетот и здравјето на Ослободителот на Колумбија“.[1][2] По средбата, Сан Мартин ја напуштил службата во Перу и се вратил во Аргентина. Подоцна замнинал во Франција каде се пензионирал.
Наводи
уреди- ↑ „Jose de San Martin“. Архивирано од изворникот на 2007-03-04. Посетено на 2019-09-27.
- ↑ Biografía del Libertador José de San Martín
Литература
уреди- Galasso, Norberto (2000). Seamos libres y lo demás no importa nada [Let us be free and nothing else matters] (шпански). Buenos Aires: Colihue. ISBN 978-950-581-779-5.
- Lecuna, Vincente (1951). „Bolívar and San Martín at Guayaquil“. The Hispanic American Historical Review. 31 (3): 369–393. doi:10.2307/2509398. JSTOR 2509398.
- Masur, Gehard (1951). „The Conference of Guayaquil“. The Hispanic American Historical Review. 31 (2): 189–229. doi:10.2307/2509029. JSTOR 2509029.