Гари Александар Невил[3] (роден на 18 февруари 1975 година) — англиски фудбалски тренер и поранешен фудбалер. Тој исто така моментално е ко-сопственик на Салфорд Сити. Тој се пензионирал од фудбалот во 2011 година, и подоцна стана коментатор за Скај Спорт, сè додека не ја презел позицијата тренер на во шпанската Валенсија. Откако бил отпуштен од страна на клубот во 2016 година, тој се врати на својата позиција како критичар на Скај Спорт во истата година.

Гари Невил
Лични податоци
Полно име Гери Александар Невил
Роден на 18 февруари 1975(1975-02-18)(49 г.)
Роден во Бери, Манчестер, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001800000001,80 м[1][2]
Позиција десен бек
Младинска кариера
1991–1992 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–2011 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 400 (5)
Репрезентација
1992 Англија Англија под 16 1 (0)
1992–1993 Англија Англија под 18 8 (0)
1995–2007 Англија Англија 85 (0)
Тренер на екипи
2012–2016 Англија Англија (асистент)
2015–2016 Валенсија Валенсија

Невил ја поминал целата своја играчка кариера во еден клуб, Манчестер Јунајтед. Во времето на неговото пензионирање во 2011 година, тој бил фудбалер со вториот најдолг стаж во клубот, зад долгогодишниот соиграч Рајан Гигс, и ја имал честа да биде капитен на клубот пет години. Тој е еден од најпознатите англиски и европски фудбалери на сите времиња, кој има освоно вкупно 20 трофеи, вклучувајќи осум титули во Премиер лигата и две во Лигата на шампионите.[4]

Невил го имал своето деби за англиската репрезентација во 1995 и бил прв избор на десната бековска позиција повеќе од 10 години, претставувајќи ја Англија на две Европски првенства и две Светски првенства. За репрезентацијата на Англија има забележано 85 настапи.

Невил е постар брат на својте брат и сестра близнаци, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Евертон Фил Невил и сестрата Трејси Невил, поранешен нетбол играч.

Наводи

уреди
  1. Rollin, Glenda; Rollin, Jack, уред. (2009). Sky Sports Football Yearbook 2009–2010. Headline. стр. 502. ISBN 978-0-7553-1948-0.
  2. Hugman, Barry J. (2009). The PFA Footballers' Who's Who 2009–10. Edinburgh: Mainstream Publishing. стр. 303. ISBN 978-1-84596-474-0.
  3. Предлошка:Englandstats
  4. Ran, Ed (12 August 2015). „Footballers who have won the most trophies in club football“. sportskeeda.com.

Надворешни врски

уреди