Гамзиград
Гамзиград - археолошко наоѓалиште, бањско одморалиште и локалитет од Светското наследство на УНЕСКО во Србија,[2] сместено јужно од реката Дунав, во градот Заечар. Тоа е локацијата од античкиот римски комплекс на палати и храмови Феликс Ромулијана (српски: Феликс Ромулијана / Feliks Romulijana), изградена од царот Галериј [3][4] во Дачија Рипенсис. Главната област зафаќа 10 акри (40.000 квадратни метри).
Гамзиград | |
---|---|
Локално име српски: Гамзиград | |
Местоположба | близу Гамзиградска Бања, Зајечар, Србија |
Координати | 43°53′57″N 22°11′06″E / 43.89917° СГШ; 22.18500° ИГД |
Надморска височина | 197 м (646.3 ст) |
Изграден | 298 AD |
Службен назив: Gamzigrad-Romuliana, Palace of Galerius | |
Тип: | Cultural |
Критериуми: | iii, iv |
Прогласено: | 2007 (31st session) |
Број | 1253 |
State Party: | Србија |
Region: | Europe and North America |
Службен назив: ГАМЗИГРАД | |
Тип: | Archaeological Sites of Exceptional Importance |
Прогласено: | 1983 |
Број | АН 40[1] |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value |
Историја
уредиВо околината на Гамзиград лежат урнатините на огромниот римски комплекс наречен Феликс Ромулијана, едно од најважните доцноримски наоѓалишта во Европа. Првите истражувачи верувале дека античките урнатини биле римски воен камп, поради нивната големина и бројните кули. Систематските археолошки ископувања спроведени од 1953 година откриле дека ова место е, всушност, царска палата. Ја осмислил и изградил еден од тетрарсите, царот Галериј, посвоениот син и зет на големиот император Диоклецијан. Галериус започнал да гради во 298 година (по победата над Сасанското Царство што му донело восхит и слава) за да го одбележи местото на неговото раѓање. Името Феликс Ромулијана му било дадено во спомен на неговата мајка Ромула, која исто така била свештеничка на пагански култ. Комплексот храмови и палати служел за три главни цели - место за обожување на божествената личност на неговата мајка, споменик на неговите дела како цар и луксузна вила за Галериј. Ромулијана преживеала сè додека не била ограбена од Хуните во средината на 5 век. Подоцна, ова место станало скромна населба на земјоделци и занаетчии, за на крај да се напушти на почетокот на VII век со доаѓањето на Словените.
Структурите за првпат биле оценети во 1835 година од страна на баронот Фон Хердер, саксонски рударски претприемач, во „Bergmänische Reise in Serbie im Jahre 1835“ . Подоцна, германскиот минералог Аугуст Брајтхаупт исто така напишал статија за конструкциите. Австроунгарскиот природонаучник, географ, етнограф и археолог Феликс Филип Каниц (кој стекнал голема почит во Србија и Бугарија преку неговите дела за Јужните Словени) бил особено заинтересиран за Гамзиград и ги посетил урнатините во два наврати, во 1860 и во 1864 година кога ја нацртал тогашната состојба на бедемите и кулите, вклучени во неговите дела за Србија, отпечатени во Виена и Лајпциг.[3]
„Гамзиград е еден од најубавите споменици од минатото...“
... „еден од најголемите и најдобро сочувани споменици на римската архитектура во Европа“ -Ф. Каниц [3]
Ентузијазмот за Гамзиград исчезнал кон крајот на 19 век. Вистинската историја на комплексот допрва треба да се истражува. Интересот бил обновен во 1950-тите за време на периодот на „Неоромантизмот на српската археологија“. Векослав Поповиќ, директор на Градскиот музеј во Заечар ги иницираше систематските археолошки истражувања во 1953 година. Академскиот професор д-р Драгослав Срејовиќ бил одговорен за истражувањето во 1970 година, тој е оној што се смета дека го позиционирал споменикот во светската археологија.[3]
Комплексот бил демистифициран во 1984 година, кога на југозапад бил откриен архиволт со натпис FELIX ROMULIANA. [5]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Предлошка:CHS-SANU
- ↑ Centre, UNESCO World Heritage. „Gamzigrad-Romuliana, Palace of Galerius“. whc.unesco.org. Посетено на 7 November 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Museum of Zaječar“. Архивирано од изворникот на 12 June 2013. Посетено на 7 November 2017.
- ↑ http://www.seecorridors.eu/filebank/file_210.pdf
- ↑ Theory and Practice in Late Antique Archaeology при Гугл книги