Галатија (римска провинција)
Галатија е името на провинцијата на Римската Империја во Анадолија (денешна средишна Турција). Основана била од првиот император Август (самостојно владеел 30 п.н.е. - 14 н.е.), во 25 п.н.е., опфаќајќи го поголемиот дел од некогашната независна Келтска Галатија, со главен град на Анкира.
Provincia Galatia Ἐπαρχία Γαλατίας | |||||
Провинција на Римската Империја | |||||
| |||||
Главен град | Анкира | ||||
Историски период | Антика | ||||
- | Припојување од Октавијан Август | 25 п.н.е. | |||
- | Тема Тракија воспоставена | 7 век | |||
Денес во | Турција |
Според тетрархиските реформи на Диоклецијан, нејзините северни и јужни делови биле поделени за да го створат јужниот дел на провинцијата Пафлагонија и провинцијата Ликаонија, редоследно.
Во ок. 398 година, за време на владеењето на Аркадиј, таа била поделена на провинциите Прва Галатија (Галатија Прима) и Втора Галатија (Галатија Секунда) или Салутарис. Прва Галатија го покривала североисточниот дел на старата провинција, задржувајќи ја Анкира како главен град и била водена од конзулар. Салутарис ја сочинувала југозападната половина од старата провинција и била предводена од пресиди, со седиште во Песинунт. И двете провинции биле дел од Диецезата Понт. Провинциите биле кратко обединети во 536-548 година под Јустинијан I. Иако подрачјето на крајот било вметнато во новата тема Анадолија во втората половина на VII век, трагите од старата провинциска администрација преживеала до почетокот на 8 век.
Управници
уреди(Список заснован на Бернар Реми, Les carrières sénatoriales dans les provains romaines d'Anatolie au Haut-Empire (31 av. Ј.- Ц. - 284 апр. Ј- Ц.) (Истанбул: Institut Français d'Études Anatoliennes-Georges Dumézil, 1989).)
- Прва организација на провинцијата Галатија
- Марк Лолиј 25 - 22 п.н.е.
- Лукиј Калпурниј Писо Понтифекс 14 - 13 п.н.е.
- Корнут Аквила 6 п.н.е.
- Публиј Сулпикиј Квириниј 5 - 3 п.н.е.
- Марк Сервилиј Нонијан 3 н.е.
- Марк Плавтиј Силван 6 - 7
- Секст Сотидиј Страбон Либускидијан 13 - 16
- Приск ок. 16 - 20 или 21
- Метилиј ок. 20 - 25 или 21 - 26
- Фронтон ок. 25 - 29 или 26 - 30
- Силван ок. 29 - 33 или 30 - 34
- Тит Хелвиј Васила ок. 33 до ок. 37
- Марк Аниј Африн 49 - 54
- Квинт Петрониј Умбрин 54 - 55
- Лукиј Нониус Калпурниј Торкват Аспрен 68 - 70
(Помеѓу 70 и 111 година н.е. Галатија била комбинирана со Кападокија.)
- Втора организација на провинцијата Галатија
- Лукиј Каесаниј Сосп 111 - 114
- Гај Јулиј Квадрат Бас ок. 114
- Лукиј Катилиј Север 114 - 117?
- Лукиј Косониј Гал 117 - 119
- Аул Ларкиј Македо 119 - 122
- Гај Требиј Сергејан ок. 127 - 130
- Јулиј Сатурнин ок. 130 - 136
- Гај Јулиј Скапула ок. 136 - 139
- Лукиј Фулвиј Рустик Аемилиј Помеѓу 131 и 161
- Корнелиј [Декс]тер ок. 156 - 159 или 157 - 160
- Публиј Јувентиј Келс 161–163
- Лукиј Фуфидиј Полион 163 - 165
- Тит Ликиниј Мукијан ок. 175 - 177
- Лукиј Саевин Прокул ок. 177 - 180
- Лукиј Фабиј Килон ок. 190 - 197
- [. . . ] Валеријан [...] нин ок. 194 - 197
- Лукиј Петрониј Вер 197/198
- Гај Атик Норбан Страбон 198-ок. 201
- Публија Каекилиј Урбик Аемилијан ок. 205 - 208
- Публиј Алфиј Максим ок. 183 - 185 или 213 - 215
- Лукиј Егнатиј Виктор Лолијан ок. 215 - 218
- Публиј Плотиј Роман в. 218 - 221
- Лукиј Јулиј Апрониј Маениј Пиј Саламалијан ок. 221 - 224
- Квинт Арадиј Руфин Оптат Аелијан ок. 224 - 227
- Квинт Сервеј Фуск Корнелијан ок. 229 - 230
- Марк Домициј Валеријан ок. 230 - 232
- Аврелиј Василеј ок. 227 - 229 или 232 - 235
- Марк Јуниј Валериј Непотијан 250
- Миникиј Флорентиј после 250
Црковна администрација
уредиСпоред каноните на Халкидонскиот собор (451) и Синекдемот на Хиерокле (околу 531), провинцијата Прва Галатија ја имала Анкира како нејзино митрополитско седиште, со шест епископски седишта: Тавиум, Аспона, Кина, Лаганија или Анастасиопол, Мнизос и Јулиопол.[1][2]
Според каноните на Халкидонскиот собор и Синекдемот, провинцијата Втора Галатија го имала Песинунт како свое митрополитско седиште, со осум епископски седишта: Оркистос, Петинесос, Амориум, Кланеос (отсутен во Халкедон), Трокнадис, Евдокија, Мирика и Герма или Миријангелон.[3] Песинунт паднал во распаѓање кога Јустинијанопол бил основан во средината на 6 век и на крајот тука бил префрлен митрополитското седиште, додека ја задржувал својата титула.[4]
Наводи
уреди- ↑ Ramsay 1890, стр. 243.
- ↑ Belke & Restle 1984, стр. 128.
- ↑ Ramsay 1890, стр. 221–223.
- ↑ Ramsay 1890, стр. 223–224.
Извори
уреди- Belke, Klaus; Restle, Marcell (1984). Tabula Imperii Byzantini, Band 4: Galatien und Lykaonien (германски). Виена: Австриска академија на науките. ISBN 978-3-7001-0634-0.
- Ремзи, Вилијам М. (1890). The Historical Geography of Asia Minor. Лондон: John Murray.CS1-одржување: ref=harv (link)