Врлени или Врлани (албански: Përparimaj, Парпаримај; порано Vërlen, Врлан) — село во општината Девол на Горичката област, југоисточна Албанија.

Врлени
Përparimaj
село
Врлени is located in Албанија
Врлени
Врлени
Координати: 40°35′12″N 20°54′49″E / 40.58667° СГШ; 20.91361° ИГД / 40.58667; 20.91361
Земја Албанија
ОбластГорица
ОпштинаДевол
Општ. един.Хочишта
Надм. вис.&10000000000000950000000950 м
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.DV

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во западните падини на планината Морава, источно од градот Горица и југозападно од Билишта, на надморска височина од 950 м.[1]

Историја

уреди

Во османлиски дефтер од XV век во Врлани по име се заведени 68 глави на семејствата.[2]

Во XIX век Врлени било албанско село во Горичката каза на Горичкиот Санџак. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вершлен е чисто албанско-муслиманско село во Горичката каза со 80 куќи.[3]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Хочишта.

Наводи

уреди
  1. Врлени (782069) — GeoNames
  2. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
  3. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 87.