Врезница
Врезница или врежница — алатка за рачно врежување на внатрешни навои со помали пречници. Главни делови на врезницата се: делот за режење, врат и четириаголник за држачот. Рачните врезници обично имаат 3 или 4 острици. Навоите рачно се врежуваат со гарнитура врезници (најчесто 3 врезници), чиј редослед е означен на рачките, со цртички околу крајот:
- I врезница, има најмал пречник, а навојот нема целосен профил, забите се засечени, така што врезницата има конусен облик по целата должина на работниот дел. По крајот на рачката се наоѓа една цртичка.
- II врезница има конус само на почетокот, а навојот има облик што е веќе блиску до целосниот профил што го изработува. По крајот на рачката се наоѓаат две цртички.
- III врезница има конус само на врвот, а забите имаат облик на целосен профил на навојот што се прави. Нема ниту една цртичка по крајот на рачката.
Обичните држачи за врезници обично имаат 3 или 4 четириаголни отвори, а еден отвор се поставува на четириаголникот на врезницата. Универзалните држачи за врезници можат да ја променат големината на четириаголникот, така што овие држачи можат да држат неколку различни димензии на врезниците.
Постапка за работа
уредиПред да почнување со режење на навојот, треба да се дупне дупка со сврдел со соодветен пречник, според таблицата во прирачникот или од таблицата на задната страна на шублерот:
- нецелосни (слепи) проврти се дупчат 1 до 3 mm подлабоко од должината на навојот, за да не се скрши врезницата;
- при врежувањето навои со врезници од комплет од 3 врезници, најпрво се врши врежување со првата врезница, така што таа се поставува нормално на отворот, за да не се добие кос навој;
- при врежување навој, врезницата се врти со помош на држачот за половина вртење во насока на режење, а потоа се враќа во спротивна насока за да се скрши струготината;
- при врежување навој во мек материјал, потребно е одвреме-навреме да се извади врезницата и да се исчисти дупката од струготини, особено кај подлабоки и слепи отвори;
- при врежување навој потребно е повремено да се врши подмачкување на врезниците за да се намали триењето и да се олесни режењето и да се добие фин и мазе навој.[1]
Таблица со потребните отвори пред врежување
уредиМетрички навој | ||
---|---|---|
Навој | Сврдел за отвор | |
М3 × 0,5 | 2,5 мм | |
М4 × 0,7 | 3,3 мм | |
М5 × 0,8 | 4,3 мм | |
М6 × 1,0 | 5,2 мм | |
М7 × 1,0 | 6,1 мм | |
М8 × 1,25 | 6,9 мм | |
М8 × 1,0 | 7,1 мм | |
М10 × 1,5 | 8,7 мм | |
М10 × 1,25 | 8,9 мм | |
М10 × 1,0 | 9,1 мм | |
М12 × 1,75 | 10,5 мм | |
М12 × 1,5 | 10,7 мм | |
М14 × 2,0 | 12,2 мм | |
М14 × 1,5 | 12,7 мм | |
М16 × 2,0 | 14,2 мм | |
М16 × 1,5 | 14,7 мм | |
Пречникот на отворот се однесува на 75% од длабочината на сврделот |
Галерија
уреди
|
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Mijo Matošević: "Tehnologija obrade i montaže", udžbenik za I razred strojarske struke, Um d.o.o., 2005.