Врежови
фамилија на растенија
Врежови | |
---|---|
Расцветан вреж | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Ред: | Каранфиловидни |
Семејство: | Врежови Link |
Родови | |
вреж (Tamarix) |
Врежови (науч. Tamaricaceae) — семејство на цветни растенија со четири рода: вреж или „железно дрво“ (Tamarix), мирикарија (Myricaria), реомирија (Reaumuria) и хололахна (Hololachna). Според современата класификација на APG, семејството спаѓа во редот каранфиловидни (Caryophyllales).
Автохтони се во посувите предели на Европа, Азија и Африка. Многу од нив растат на солена почва (до 15 промили) и трпат алкални услови. Листовите се крлушести, со должина од 1–5 мм и се преклопуваат долж стеблото. Кај некои видови се скоравени со излачена сол.
Во Македонија е застапен родот вреж (Tamarix), и тоа со три вида.[1]
Поврзано
уреди- Вресови — семејство на поинакви растенија со слично име
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Вреж (Железно дрво)“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
уреди- Врежови на Викивидовите ?
- „Врежови“ — Енциклопедија на живиот свет
- Врежови (Tamaricaceae) Архивирано на 3 март 2016 г. — FloraGREIF (англиски)
Оваа статија од областа на ботаниката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |