Враќање во иднината 2

Враќање во иднината 2 (англиски: Back to the Future II) - американски филм од 1989 година, во режија на Роберт Земекис. Главните улоги ги толкуваат: Мајкл Ј. Фокс, Кристофер Лојд, Леа Томпсон и Томас Ф. Вилсон. Сценариото за филмот го напишал Боб Гајл. Филмот е втор дел од трилогијата „Враќање во иднината“. Филмот ја раскажува приказната за Марти Мекфи, кој со пријателот научник д-р Браун заминува во 2015 година со времеплов.

Враќање во иднината 21 октомври 2015

Содржина

уреди

Заплетот започнува со повторување на последните две минути од првиот дел. Марти Мекфлај (го игра Фокс) и неговиот пријател, „откачениот“ научник Емет Браун (го игра Лојд) одат во иднината (во 2015 година), со помош на временската машина. Меѓутоа, таму откриваат дека работите се заплеткале, бидејќи настанала поделба во времето, кое се разделило на две паралелни времиња. Тоа е предизвикано оттаму што Биф Танен (го игра Вилсон) успеал да се врати во минатото, носејќи алманах со сите спортски резултати од иднината. На тој начин, Биф успеал енормно да се збогати, да го убие таткото на Марти и да се ожени со неговата мајка (ја игра Томпсон). Марти треба да го спречи таквиот развој на историјата, а единствениот начин е повторно да се врати во 1955 година и да му го украде спортскиот алманах на Биф. По низа перипетии, Марти ја остварува мисијата и среќно се враќа во своето време.[1]

Марти конечно може да го запали алманахот, враќајќи ја оригиналната временска линија. Сепак, пред да можат да се вратат во 1985 година, временската машина во која Браун седи е погодена од гром и исчезнува. Веднаш потоа, се појавува поштар, кој му дава на Марти писмо напишано пред 70 години. Писмото е од Браун, кој бил префрлен во 1885 година заедно со временската машина. Марти потоа се враќа во градот и се состанува со д-р Браун од 1955 година, кој штотуку му помогнал на Марти првиот пат да се врати во 1985 година. Во шок поради ненадејното појавување на Марти, доктор Браун се онесвестува.

Наводи

уреди