Вратика

вид растение

Вратика или обична вратика (научTanacetum vulgare) — повеќегодишно, зелјесто скриеносемено растение од семејството главоцветни.[2] Расте до висина од 1,5 метри, има дрвенест ризом, издолжени, наизменични, шилести лисја со назабени сегменти и се одликува со мали зарамнети златножолти цветови. Нејзината изворна област е Европа и Азија, но со колонизација се проширила и во Северна Америка, а во некои делови станала инвазивен вид.[3]

Обична вратика
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Ѕвездовидни
Семејство: Главоцветни
Род: Вратика
Вид: Обична вратика
Научен назив
Tanacetum vulgare
L.[1]
Синоними[1]
  • Chamaemelum tanacetum (Vis.) E.H.L.Krause
  • Chrysanthemum asiaticum Vorosch.
  • Pyrethrum vulgare (L.) Boiss.
  • Tanacetum boreale Fisch. ex DC.
  • Tanacetum crispum Steud.

Поради своите лековити својства, силно ароматичното растение се користело уште од времето на Стара Грција како билка. Вратиката служела како бактерицид и антибиотик. Сепак, бидејќи активната супстанција на лекот е премногу близу до токсичната доза (главно се должи на невротоксичниот тујон), неговата внатрешна употреба постепено се намалува. Сè уште се користи надворешно (особено во облик на масти и бањи). Вратиката има и други намени како зачин, набојување (нанесување боја на нешто), но и како природен пестицид. Ги одбива паразитите и инсектите (како што се молци или комарци).[4]

Опис

уреди

Повеќегодишно растение, грмушки по изглед. со краток вретено или цилиндричен, разгранет корен. Произлегува исправено, аголно, едноставно, покриено со влакна или блескаво, густо покриено со лисја. Лисјата се темнозелени, ситно наострени жлезди. Работ на листот е често назабен. Вратиката може да порасне до 1,5 метри и има златножолти многу мирисливи цветови[5]

 
Детален изглед на вратиката

Употреба

уреди

Општо е отровно растение. Младите и свежи лисја може да се користат во многу мали количини како зачин. Ова растение може да се искористи за производство на природни пастециди. Има фунгицидно дејство, против ’рѓа и мувла. Тоа е лековито растение, но не е за употреба, бидејќи може да биде отровно. Може да предизвика алергиски контактен дерматитис.[6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Tanacetum vulgare. The Plant List. Посетено на 7 јуни 2017.
  2. „вратика“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Tanacetum vulgare“. Служба за заштита на природните ресурси при USDA — база PLANTS. Посетено на 8 December 2015.
  4. 1949-, Walker, Marilyn (2008). Wild plants of Eastern Canada: identifying, harvesting and using; includes recipes & medicinal uses. Halifax, N.S.: Nimbus Pub. ISBN 9781551096155. OCLC 190965401.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  5. Igić, Ružica (2012). Алергиски билки.
  6. Josifović, Mladen (1976). Flora sr Srbije.

Надворешни врски

уреди

Мрежно место за вратика — повеќе информации за растението