Во земјата на поранешните каубои

„Во земјата на поранешните каубои“ (англиски: The Hi-Lo Country) е филм од 1998 година, во режија на Стивен Фрирс. Главните улоги ги играат: Били Крудуп, Вуди Харелсон, Патриша Аркет, Пенелопе Круз итн. На филмскиот фестивал во Берлин, во 1999 година, режисерот Фрирс ја освоил наградата „Сребрена мечка“ за најдобра режија.[1]

Содржина

уреди

Во прерискиот град Хај-Ло во Ново Мексико, Пит Калдер (го игра Крудуп) и Биг Бој Матон (го игра Харелсон) се враќаат од Втората светска војна и продолжуваат да живеат по старо - ја чуваат стоката и го обработуваат земјиштето. Тие се популарни кај жените и господари на земјата, но Пит отсекогаш бил вљубен во Мона (ја игра Аркет), која сега е омажена за друг човек.[2]

Наводи

уреди
  1. The Hi-Lo Country (1998) - Awards (пристапено на 5.4.2015)
  2. „Во земјата на поранешните каубојци“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр, 21.