Волфганг Бекер (германскиː Wolfgang Becker; роден на 22 јуни 1954 година) — германски кинорежисер и писател. Тој е најмногу познат на меѓународната публика за неговата работа на Good Bye Lenin! (2003).

Волфганг Бекер
Роден(а)22 јуни 1954(1954-06-22)(70 г.)
Хемер, Зауерланд, Западна Германија
ЗанимањеФилмски режисер, сценарист
Активен1988–сега

Животопис

уреди

Бекер студирал германистика, историја и американски студии на Слободниот универзитет во Берлин. После студиите, тој почнал да работи во студио за звук во 1980 година, а потоа почнал да студира на Германската филмска и телевизиска академија (dffb). Тој започнал со работа како хонорарен снимател во 1983 година и дипломирал на dffb во 1986-та со Schmetterlinge (Пеперутки), со кој ја освоил Студентската академска награда во 1988 година, „Златниот леопард“ на Меѓународниот филмски фестивал Лоцарно и Наградата на Премиерот на Саар на Фестивалот Офелус Саарбрукен во 1988 година.

Режирал една епизода од телевизиската драма Tatort, наречена Blutwurstwalzer, пред да го направи неговиот втор игран филм Kinderspiele (Детска игра, 1992), и документарецот Celibidache (1992).

Во 1994 година, тој е ја со-основал продукциската компанија „X Filme Creative Pool“ со Том Тиквер, Штефан Арндт и Дани Леви. Од таму тргнал да работи со Тиквер на играниот филм Das Leben ist eine Baustelle (Животот е сѐ што добивате, 1997) кој бил дел од натпреварувачката конкуренција на Берлинале.

Тој бил член на жирито на Венецискиот филмски фестивал во 2004 година.

Филмографија

уреди
  • Пеперутки (1988)
  • Tatort (ТВ серија) (1 епизода, „Blutwurstwalzer“) (1991)
  • <i id="mwLg">Детска игра</i> (Kinderspiele) (1992) - исто така сценарист
  • Животот е сѐ што добивате (Das Leben ist eine Baustelle) (1997) - исто така сценарист и глумец
  • Збогум, Ленин! (2003) - еден од сценаристите
  • Добредојдовте во Саун Пауло (Bem-Vindo a São Paulo) (2004) (сегмент)
  • Ballero (2005) - исто така сценарист
  • Германија 09: 13 Кратки филмови за состојбата на нацијата (2009) (сегмент „Krankes Haus“) - исто така сценарист
  • Јас и Камински (2015) - исто така сценарист

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. „Berlinale: 1997 Prize Winners“. berlinale.de. Архивирано од изворникот на 2013-11-11. Посетено на 2012-01-08.

Надворешни врски

уреди