Збогум, Ленин!
Збогум, Ленин! - германски филм од 2003 година, жанровски одреден како трагикомедија. Филмот е во режија на Волфганг Бекер, а главните улоги ги толкуваат Даниел Брил, Катрин Сас, Кулпан Хаматова и Марија Симон. Повеќето сцени биле снимени на булеварот „Карл Маркс“ во Берлин,околу Платенбау и Александарплац.
„Збогум, Ленин!“ | |
---|---|
Податотека:Good Bye Lenin.jpg | |
Премиера | 2003 |
Времетраење | 121 минута |
Јазик | германски |
Буџет | 4,8 милиони евра |
Бруто заработка | 79.384.880 долари |
Заплет
уредиВо пролог, Алекс Кернер (Даниел Брил) заедно со неговите сонародници биле горди кога првиот човек од Источна Германија, Сигмунд Јен заминал во вселената. Остатокот од филмот се одвива во Источен Берлин. Алекс живее со својата сестра Аријан, мајката Кристијане и малата ќерка на Аријан, Пол. Нивниот татко избегал на Запад во 1978 година и го напуштил семејството. Во негово отсуство, Кристијан станува екстремен идеалист и ја поддржува владејачката Партија на социјалистичкото единство на Германија. Алекс учествува во анти-владините демонстрации, каде што случајно се сретнува со девојка, но е разделен од полицијата пред да се запознаат. Кристијана случајно поминува и кога гледа дека нејзиниот син е уапсен доживува срцев удар и паѓа во кома. Полицијата не му дозволува на Александар да и помогне на мајка си и го приведува, но подоцна тој е пуштен и оди во болница за да ја посети. Додека е во посета на својата мајка, Алекс повторно ја среќава девојката од демонстрациите и дознава дека се вика Лара. Таа е млада медицинска сестра од Советскиот Сојуз, која моментално се грижи за неговата мајка. Алекс е фасциниран од неа. Во кратко време тие почнуваат да се гледаат и стануваат многу блиски. Набрзо после тоа се случува падот на берлинскиот ѕид. Капитализмот навлегува во Источен Берлин и Алекс го губи работното место.
Награди
уредиФилмот добил награда од страна на БАФТА, номиниран како најдобар филм во неанглиско говорно подрачје, како и најдобар европски филм од страна на Златен глобус. Исто така се закитил и со наградата за најдобар филм од Европската унија.