Волстенхолмов Остров

Волстенхолмовиот Остров е остров во Бафиновиот Залив во општината Касуитсуп во Гренланд.

Волстенхолмов Остров
Wolstenholme Island/ Ø
Географија
МестоБафинов Залив, Гренланд
Координати76°24′N 70°22′W / 76.400° СГШ; 70.367° ЗГД / 76.400; -70.367
Највисоко место259 м
Држава
ОпштинаКасуитсуп

Островот се наоѓа западно до мореузот Бајлот, во близина на јужниот брег на фјордот Волстенхолме. Јужно од овој остров се наоѓа островот Сондерс.[1] Волстенхолмовиот Остров е помал од Сондерс.[2]

Историја

уреди

Под команда на Џејмс Сондерс во 1849 бродот „Норт Стар“ запловил кон Северниот Пол. Експедицијата тргнала да ја пронајде експедицијата на Џејм Кларк Рос, која пак во 1848 година била на пат да ја пронајде експедицијата на Џејмс Франклин.[3]

По неуспехот да ги пронајде експедициите, мисијата била прекината и имало одлука да се врати во Лондон пред зимата. Сепак, бродот на Џејмс Сондерс бил заглавен во мразот во Мелвиловиот Залив, во севрозападниот дел на Гренланд. Така, зимата во 1849-1850, Сондерс именувал неколку релјефни формации во областа.[4]

Галерија

уреди
 
Поглед кон островот Сондерс, а во позадина се гледа Волстенхомовиот Остров.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1:1,000,000 scale Operational Navigation Chart, Sheet B-8, 3rd edition
  2. Clements R. Markham, William Alexander, Life of Admiral Sir Leopold McClintock, p. 90
  3. Icy Imprisonment: The 1849 Voyage of the HMS North Star
  4. The Nautical Magazine and Naval Chronicle, Simpkin, Marshall & Co. London 1850, p. 588

Надворешни врски

уреди