Апат
Остров Сондерс (англиски: Saunders Island, дански: Saunders Ø) или Остров Апат (гренландски: Appat) е остров во заливот Норт Стар во Бафиновиот Залив во општината Касуитсуп во Гренланд. Овој остров своето меѓународно име го добило по британскиот морепловец Џејмс Сондерс.
Познат и како Appat | |
---|---|
Географија | |
Место | Бафинов Залив, Гренланд |
Површина | 103 км2[1] |
Должина | 15 км |
Ширина | 7 км |
Највисоко место | 391 м |
Држава | |
Гренланд | |
Општина | Касуитсуп |
Демографија | |
Население | ненаселен |
Географија
уредиОстровот се наоѓа во блзина јужниот брег на устието на фјордот Волстенхолме, северно од островот Волстенхолме. Островот е карпест и воедно е најголем остров во заливот. Островт е рамен со стрмни страни.[2] Највисока точка на островот е 391 м.[3] Овој остров е одделен од копното со мореузот Бајлот.[4]
Историја
уредиПод команда на Џејмс Сондерс во 1849 бродот „Норт Стар“ запловил кон Северниот Пол. Експедицијата тргнала да ја пронајде експедицијата на Џејм Кларк Рос, која пак во 1848 година била на пат да ја пронајде експедицијата на Џејмс Франклин.[5]
По неуспехот да ги пронајде експедициите, мисијата била прекината и имало одлука да се врати во Лондон пред зимата. Сепак, бродот на Џејмс Сондерс бил заглавен во мразот во Мелвиловиот Залив, во севрозападниот дел на Гренланд. Така, зимата во 1849-1850, Сондерс именувал неколку релјефни формации во областа.[6]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „UNEP“. Архивирано од изворникот на 2016-04-19. Посетено на 2018-08-01.
- ↑ Clements R. Markham, William Alexander, Life of Admiral Sir Leopold McClintock, p. 90
- ↑ 1:1,000,000 scale Operational Navigation Chart, Sheet B-8, 3rd edition
- ↑ Eriksson, Mats (April 2002). "On Weapons Plutonium in the Arctic Environment (Thule, Greenland)". Lund University. (консултирано на 2009-03-23) Архивирано на 18 декември 2008 г. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-18. Посетено на 2018-08-01.
- ↑ Icy Imprisonment: The 1849 Voyage of the HMS North Star
- ↑ The Nautical Magazine and Naval Chronicle, Simpkin, Marshall & Co. London 1850, p. 588