Норт Стар (залив)
„Залив Норт Стар“[1] (дански: North Star, англиски: North Star), а понекогаш именуван и како „Пристаниште Туле“ или „Залив Волстенхолме“,[2] е залив во устието на фјордот Волстенхолме во Гренланд.
Норт Стар North Star | |
---|---|
Пристаниште Туле, Залив Волстенхолме | |
Подрачје | Северен Пол |
Океански/морски извори | Бафинов Залив |
Сливни земји | Гренланд |
Острови | Остров Сондерс и Волстенхолме |
Името на овој залив потекнува од името на британскиот брод „Норт Стар“ од 1824 година. На самиот раб на заливот се наоѓа Воздухопловната база Туле. Во самиот залив има два острова, Сондерс и Волстенхолме. Островот Сондерс и копното ги дели мореузот Бајлот.[3]
Историја
уредиНа самиот раб на заливот се наоѓаат, сега напуштените населби, Нарсарсук и Питуфик.
Под команда на Џејмс Сондерс во 1849 бродот „Норт Стар“ запловил кон Северниот Пол. Експедицијата тргнала да ја пронајде експедицијата на Џејм Кларк Рос, која пак во 1848 година била на пат да ја пронајде експедицијата на Џејмс Франклин.[4]
По неуспехот да ги пронајде експедициите, мисијата била прекината и имало одлука да се врати во Лондон пред зимата. Сепак, бродот на Џејмс Сондерс бил заглавен во мразот во Мелвиловиот Залив, во севрозападниот дел на Гренланд. Така, зимата во 1849-1850, Сондерс именувал неколку релјефни формации во областа.[5]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Во буквален превод значи „Залив Северна Ѕвезда“
- ↑ 1:1,000,000 scale Operational Navigation Chart, Sheet B-8, 3rd edition
- ↑ Eriksson, Mats (April 2002). "On Weapons Plutonium in the Arctic Environment (Thule, Greenland)". Lund University. (консултирано на 2009-03-23) Архивирано на 18 декември 2008 г. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-12-18. Посетено на 2018-08-01.
- ↑ Icy Imprisonment: The 1849 Voyage of the HMS North Star
- ↑ The Nautical Magazine and Naval Chronicle, Simpkin, Marshall & Co. London 1850, p. 588