Воздушна маса

(Пренасочено од Воздушната маса)

Воздушна маса е количество воздух со еднобразни својства. Различните воздушни маси се допираат и меѓусебно дејствуваат по должина на границите наречени фронтови. Постои голема поврзаност меѓу воздушните маси и обрасците на воздух што циркулираат, тоа е наречено состав на притисокот. Топлите воздушни маси се поврзуваат со составите на низок притисок а студените - со составите со висок атмосферски притисок.

Различни воздушни маси кои влијаат на Северна Америка, како и на другите контионенти, имаат тенденција да бидат раздвоени со фронтална граница

Во текот на годината се менува распоредот на воздушните маси и составите на притисок, а тие измени може да имаат големо влијание врз времето. На пример, континенталниот воздух лете е топол, па предизвикува низок притисок над копното а зиме е студен и предизвикува појава на висок атмосферски притисок. Воздушната маса е количество воздух што го покрива најголемиот дел од еден континент или океан и добива особености од површината под неа. Воздухот над континентот ќе биде посув од воздухот над океанот, па на континентот ќе биде топло преку лето а поладно зиме. Сето ова се случува поради различната брзина на загревање и ладење на копното и морето. Кога ќе ги добие тие особености воздухот ја создава воздушната маса. Воздушните маси се шират од површината па сè до тропопаузата.

Потекло и именување

уреди

Воздушните маси имаат имиња, кои го изразуваат нивното потекло: арктички, поларни, тропски или екваторски. Со комбинирање на овие се добиваат уште неколку видови на воздушни маси: континентална арктичка, континентална поларна, континентална тропска, морска арктичка, морска поларна, морска тропска, и морска екваторска. Нема континентален екваторски вид затоа што нема континентална копнена маса, која е доволно голема за да се создаде ваков вид.

Арктичкиот и поларниот воздух се исти на површинското ниво но се разликуваат во горниот слој на атмосферата. При судир на две воздушни маси тие не се мешаат зашто имаат различни температури. Тоа значи дека густината на воздухот на двете маси е различен. Погустиот воздух се спушта под пореткиот и го издига во височина. Граничниот дел помеѓу две воздушни маси се нарекува фронт.

Поврзано

уреди