Војна на синовите на светлината против синовите на темнината

(Пренасочено од Воен свиток)

Војна на синовите на светлината против синовите на темнината, познато и како „Воени правила“, „Правила за војна“ и „Воен свиток“, е упатство за воена организација и стратегија откриено меѓу Свитоците од Мртвото Море. Текстот бил пронајден во кумранската пештера 1; во сопственост на Еврејскиот универзитет во Ерусалим и за првпат е објавен посмртно од Елеазар Сукеник во 1955 година.[1] Документот содржи повеќе свитоци и фрагменти, вклучувајќи ги 1QM, и 4Q491-497.[1] Се претпоставува дека Војна на Месијата е заклучок на овој документ.[2] Фрагменти од 4Q491-497 биле објавени во серијалот од 40 тома со наслов Откритија во пустината Јудеја, во том 7, каде е вклучен кус преглед на Воениот свиток.[1] Тематски, инспириан е од зороастриски текстови.

Воениот свиток, најден во кумранската пештера 1.

Историја

уреди

Како период на настанување на овој документ се земаат два важни периоди: периодот на Селевкидската Империја и Римскиот период.[3] Оние кои го посочуваат селевкидскиот период, сметаат дека поконкретно е од почетокот на Макавејската војна (165 или 164 п.н.е.), стекнувањето со воена моќ на Јонатан Апфус (143 п.н.е.), и владеењето на Јован Хиркан (135-104 п.н.е.).[4] Научниците кои веруваат дека свитокот бил создаден за време на римскиот период, укажуваат на датуми од средина на првиот век п.н.е. до првата декада од првиот век од нашата ера.[4] Описите на оружје и тактики, пак, го навеле Игаел Јадин да го датира документот во периодот меѓу освојувањето на Ерусалим од страна на Помпеј (65 п.н.е.) и смртта на Ирод Велики (4 п.н.е.).[1] Авторот Расел Гмиркин во делото „Воениот свиток и римското оружје“ не се согласува со датирањето и анализата на Јадин, и според описите на оружјето документот го датира во вториот век п.н.е.[5] Пензионираниот потполковник на американската армија Питер Фром се согласува со Гмиркин и смета дека описите на оружјето се од 2 век п.н.е.[6]

Научниците не можат да го утврдат авторот на текстот. Поради кохезивноста на ракописот, некои сметаат дека е дело на еден човек.[1] Повеќето од научниците сметаат дека текстот е составен од повеќе документи кои служеле како извори за пишувачот.[7]

Денес, жанрот на 1QM е опишан како апокалиптична литература, иако некои преведувачи и толкувачи тврдат дека таа всушност е дел од секташка литургија или тактички расправа. Жан Дуаим верува дека текстот бил класифициран како дел од текстовите за правила на Кумранитите.[8]

Содржина

уреди

Овие свитоци содржат апокалиптички предвидувања за војна меѓу синовите на светлината и синовите на темнината. Војната е опишана во два посебни дела, првиот дел (Војната против Китим) опишува битка меѓу синовите на светлината, меѓу кои се синовите на Леви, синовите на Јуда и синовите на Венијамин, кои се прогонети во пустината, против Едом, Моав, синовите на Амон, Амалек, Филистија и нивните сојузници Китим и Ашур (сите заедно наречени војската на Белиал), и оние кои им помагале а кои „го кршат заветот“. Вториот дел (Војната на поделби) опишува дека синовите на светлината, кои сега се обединети дванаесет племиња на Израил, ги победуваат „народите на суетата“.[9] На крајот, целата темнина е уништена и светлината вечно ќе живее во мир.[7] Текстот дава детали за трубите и објавите за војна и литургиите на свештениците во текот на конфликтот.

Постојат клучни разлики во тоа како се опишани Војната против Китим и Војната на поделби. Војната против Китим е опишана како еднодневна битка со седум фази, при што синовите на светлината и синовите на темнината победуваат по три од првите шест, а потоа следува конечната победа на синовите на светлината со божествена интервенција. Не е јасно дали се мисли на вистински период од 24 часа, но се чини дека нема долготрајна битка. По оваа војна, имало шестгодишен период на подготовка кој завршува со обнова на Храмот во Ерусалим. На почетокот од Војната на поделби се вели дека останале уште 33 години војна од вкупно 40 години војна. Во Војната против Китим секоја страна се бори со ангелски домаќини и натприродни суштества на своја страна, а конечната победа синовите на светлината ја извојувале со директна помош на Бога. Во Војната на поделби, пак, не се споменуваат ангели или натприродни сојузници кои се борат од страната на израелските племиња или на нацијата. Друга забележлива разлика е дека во Војната против Китим синовите на светлината трипати се поразени пред конечната победа, а во Војната на поделби не се споменува пораз или неуспех од каков било вид.[7]

Игаел Јадин и Геза Вермес сметаат дека описите на вооружувањето, опремата и формацијата на синовите на светлината во основа се римски методи на војување.[10]

Структура

уреди

1QM содржи 19 колони, од кои првите 14-19 линии од секоја колона се зачувани.[1]

i. Ја сумира Војната против Китим.
ii. Ја сумира Војната на поделби која говори за вкупно четириесет години борба.
iii-ix. Зборува речиси исклучиво со натписите што треба да бидат поставени на банери, труби, пикадо, итн.
x-xiv. Голем број литургиски делови, кои како да се за Војната на поделби, но екплицитно се споменува Китим, можеби затоа што ова е подоцнежен додаток што произлегува од традицијата на поуниверзална борба против Китим.[7]
xv-xix. Describes the seven-stage battle, led by the priests, between Light and Darkness, the War against the Kittim. The battle is finally won by divine intervention.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Schiffman, Lawrence H., and James C. VanderKam. 2000. Encyclopedia of the Dead Sea scrolls. New York, N.Y.: Oxford University Press.
  2. ISBN 0-06-076662-X pp. 368-371
  3. Rost, Leonhard. 1976. Judaism outside the Hebrew canon: an introduction to the documents. Nashville: Abingdon.
  4. 4,0 4,1 Wenthe, Dean O. “The Use of the Hebrew Scriptures in 1QM.” Dead Sea Discoveries Vol. 5, No. 3 (Nov., 1998), pp. 290-319
  5. Gmirkin, Russell. „The War Scroll and Roman Weaponry Reconsidered“. JSTOR 10.2307/4201555. Отсутно или празно |url= (help)
  6. Датирање на Воениот свиток Архивирано на 28 мај 2012 г. (мај 2012).
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Schultz, Brian. Qumran Cave 1 Revisited, "Compositional Layers in the War Scroll", Koninklijke Brill, 2010.
  8. Duhaime, Jean. 2007. "The War Texts: 1QM and Related Manuscripts". Continuum International Publishing Group. London, p. 53
  9. Lawrence H. Schiffman. 1998. "Texts and Traditions: A Source Reader for the Study of Second Temple and Rabbinic Judaism." Ktav. Hoboken, NJ, p. 359
  10. Vermes, Géza. The Complete Dead Sea Scrolls in English. Penguin, 2004. ISBN 978-0-14-044952-5. p 164-165

Литература

уреди
  • Camm, Howard. "A Critical and Exegetical Commentary on Daniel 12" Durham University, 1991.
  • Collins, John Joseph. 1998. The Apocalyptic Imagination: An Introduction to Jewish Apocalyptic Literature. Grand Rapids, Mich: William B. Eerdmans.
  • Duhaime, Jean. 2004. The War Texts: 1QM and Related Manuscripts. T & T Clark International, London.
  • Schultz, Brian. Conquering the World: the War Scroll (1QM) Reconsidered. Leiden & Boston: Brill, 2009
  • Segal, Alan F. 1986. Rebecca's Children: Judaism and Christianity in the Roman World. Cambridge, Mass: Harvard University Press.
  • Wise, Michael, Martin Abegg Jr., & Edward Cook. 1996. The Dead Sea Scrolls: A New Translation. Harper. San Francisco.
  • Yadin, Yigael. “The Scroll of the War of the Sons of Light against the Sons of Darkness.” Translated by B. and C. Rabin. Oxford, 1962.
  • Parker, Jim. "The War Scroll: Genre & Origin." Memphis, Tn: Borderstone Press, 2012.