Воено челично јајце (Фабержеово јајце)
Воено челично јајце – јувелирно јајце, едно од педесет и двете велигденски царски Фабержеови јајца, изработени од фирмата Фаберже на Карл Фаберже за руското царско семејство.
Воено челично јајце | |
---|---|
Година на изработка | 1916 |
Нарачател | Николај II |
Примател | Александра Фјодоровна |
Моментален сопственик | |
Индивидуална или институционална | Палата на оружјето |
Дизајн и материјали | |
Мастер | Хенрик Вигстрем[1] |
Употребен материјал | Злато, челик, жад, бел емајл, свила и кадифе |
Висина | 65 мм |
Изненадување | Штафелај на кој стои акварелна слика направена на слонова коска |
Било направено во 1916 години по нарачка на царот Николај II и подарено на Велигден на неговата сопруга, царицата Александра Фјодоровна.
Денес јајцето се наоѓа во Палатата на оружјето во Москва и е едно од ретките Фабержеови јајца кои останале во Русија[2].
Дизајн
уредиЈајце
уредиЈајцето има прецизен облик: челикчелично блескаво тело разделено со две хоризонтални линии на три дела. Во центарот изработен од злато се наоѓа грбот на Руското Царство, Свети Ѓорѓи Победоносец, дата „1916“, окружени со лаворов венец и монограм на Александра Фјодоровна. Јајцето е крунисано со златна царска круна. Подножјето е изработено од жад со златни работи на кое на аглите се разместени четири челични гранати.[3].
Изненадување
уредиВнатре во јајцето се наоѓа штафелај со акварелна минијатура. На минијатурата се насликани царот Николај II и царчето Алексеј на позиција на руските трупи. Во горниот дел поставен е орден на Свети Георги со лена. Самиот штафелај е стилизиран како монограм на Александра Фјодоровна [3]. Изненадувањето е високо — 65 мм[2].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Lowes, Will; McCanless, Christel Ludewig (2001). Fabergé Eggs: A Retrospective Encyclopedia. Scarecrow Press. стр. 142. ISBN 978-0-8108-3946-5.
- ↑ 2,0 2,1 „Яйцо Стальное Военное Фаберже 1916“. Архивирано од изворникот на 2014-05-03. Посетено на 2020-04-18.
- ↑ 3,0 3,1 „1916 Steel Military Egg“. Архивирано од изворникот на 2012-07-02.