Водафон арена
Водафон арена (турски: Vodafone Arena) — фудбалски стадион кој се наоѓа во регионот Бешикташ, Истанбул, Турција. Од спонзорски причини, стадионот во моментот се нарекува „Водафон арена“.
Водафон арена | |
---|---|
Целосно име | Водафон арена |
Место | Бешикташ, Истанбул, Турција |
Координати | 41°02′21.14″N 28°59′41.07″E / 41.0392056° СГШ; 28.9947417° ИГД |
Започнат | 2013 |
Отворен | 10 април 2016[1] |
Сопственик | ФК Бешикташ |
Оператор | ФК Бешикташ |
Подлога | трева |
Цена на изградбата | € 110 милиони[2] |
Архитект | Бунјамин Дерман, Метин Демир [3] |
Игра | ФК Бешикташ |
Гледачи | 41,903 |
На овој стадион своите домашни натпреваи ги игра екипата на ФК Бешикташ. Стадионот бил изграден во 2016 година, на местото на стадионот Инону, кој исто така бил седиште на ФК Бешикташ и кој бил разрушен во 2013 година. Стадионот има сместивост од околу 43.500 гледачи.
Поради блискоста на палатата Долмабахче, Саат кулата, џамијата и Босфорот, турскиот Висок совет за споменици побарал од архитектите да понудат антички изглед на стадионот за да одговара на околната историски област.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Водафон арена на Ризницата
- Матична страница (турски)
- Vodafone Arena at bjk.com.tr